ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Петков: Јас ќе бидам кандидат за премиер, со истите министри влегуваме во преговори за нова влада

June 26, 2022 15:43
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Извршниот совет на најголемата партија во 47. Народно собрание на Бугарија „Продолжуваме со промената“ влегува во преговори за нова влада со ист состав на министри.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков вечерва има уште една средба на раководството на партијата, за предлог составот на новата влада на „Продолжуваме со промената“.

Петков потврди дека ќе биде предложен за иден премиер. Тој не сакаше да ги коментира именувањата за поединечните министерски места, бидејќи реално, додека неговата партија нема поддршка од независни пратеници, се надева дека ќе види дали има таква шанса и затоа не сака да навлегува во детали со нивните имиња.

Премиерот во оставка коментира дека не би преговарал со Бојко Борисов, Дељан Пеевски и „Движењето за права и слободи“, Костадин Костадинов, лидер на националистичката партија „Преродба“, како и со Слави Трифонов. Кирил Петков истакна дека шефот на пратеничката група на „Има таков народ“ Тошко Јорданов не може да направи чекор без одобрение на Слави Трифонов и затоа нема да може да преговара со него.

Премиерот на Бугарија Кирил Петков утре ќе поднесе оставка од владата, по што ќе започне процедурата за формирање нова влада. Според неа, претседателот Румен Радев треба да го предаде првиот мандат на најголемата политичка партија во бугарскиот Парламент, а доколку не успее да го врати исполнетиот мандат со предлог-влада, тогаш мандатот ќе го добие втората по големина партија во Народното собрание. а ако не успее тогаш претседателот, според Уставот на Бугарија, има право да избере на која од другите партии да и го предаде, а ако не поднесе предлог влада, тогаш го распушта Парламентот со два декрети и назначува преодна влада до предвремените парламентарни избори во земјата и формирање редовна влада./МИА/

Next Post

Рама: Се надевам дека Украинците немаат големи очекувања од ЕУ, кандидатскиот статус е само лек против депресија

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk