ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со изложба од создадените дела затворена 36-та Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски”

June 27, 2022 12:28
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter
Со изложбата на уметничките дела создадени на годинашната Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски” синоќа официјално беше затворено 36-то издание на оваа колонија.

Изложените дела се работени една недела со главни мотиви просвета и култура.
-На оваа интернационална колонија учествуваа тринаесет автори  од седум балкански земји: Бугарија, Албанија, Романија, Србија, РС Македонија, како и од Турција и Шведска. Авторите твореа под мотото „Балкански пријателства”, а широката тематска рамка беше насловена просвета и култура, мотивација од канонизацијата на св.Јоаким Крчовски што се случи пред еден месец. Тематскиот пристап не го ограничуваше творечкиот пристап на авторите. Еден дел од делата ја носат во себе инспирацијата и возбудата од манастирскиот сакралиум и недопрената манастирска природа во окружувањето, изјави координаторот на Меѓународната колонија, Јордан Михајловски.
Колонијата е традиционална и ја збогатува со децении културната понуда на градот и државата, се реализира со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија, локалната самоуправа на Општина Крива Паланка и Градскиот музеј, со поддршка и во соработка со Кумановско-осоговската епархија.
– По пандемијата, сега повторно е постигната културна комуникација на Балканот, која покрај создадените дела во контекст на современите видувања во уметноста, демонстрира поддршка на заедништвото, мирот и европските вредности. Изложбата ќе биде претставена и во други градови од државата, порача Михајловски.
Изложбата е дел од програмата на „Кривопаланечко културно лето 2022″./МИА/
Next Post

Украина суспендира повеќе договори со Русија, кои се однесуваат на нуклеарната безбедност

НАЈНОВО

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk