Пратеникот Арбер Адеми од ДУИ кој е претседател на Комисијата за европски прашања, денеска во Собранието пцуеше и фрлаше шишиња и други предмети низ собраниската сала и кон пратениците.
Снимката ја објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. На снимката се слуша како пратениците му викаат „Кај се наоѓаш“ додека тој со тацна фрла и ја крши собраниската опрема.
„Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со „каубоите“ од власта“, напиша пратеникот Лефков.