Бројот на загинати од ракетен напад врз трговскиот центар во Кременчук се зголеми на 18, соопшти шефот на Државната служба за вонредни состојби на Украина, Серхиј Крук. Сите тимови за одговор продолжуваат да работат напорно. Од трговскиот центар останаа само рушевини.
The number of deaths from a missile attack on the shopping center in #Kremenchuk has increased to 18, reports the head of the State Emergency Service of #Ukraine, Serhiy Kruk.
All response teams continue to work hard.#UkraineUnderAttack #UkraineRussiaWar #StopRussiaNow pic.twitter.com/yNzrRW9G9H— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 28, 2022
Украинските воздухопловни сили соопштија дека трговскиот центар бил погоден од двe ракети со долг дострел X-22 истрелани од бомбардер Ту-22М3, кој полетал од пистата Шајковка во руската област Калуга.
И. Т. З.