ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Кацарска: Со воведување на уставна тужба ќе се надмине парадоксалната ситуација на  често отфрлање на барањата за слободи и права

June 28, 2022 16:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска учествуваше на Охридската школа на природното право организирана од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ на МАНУ и поддржана од Амбасадата на САД во Скопје.

Во рамки на годинашната тема „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции” Кацарска зборуваше за потребата од воведување на уставна тужба како нов инструмент за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд и порача дека улогата на Уставниот суд како гарант и заштитник на слободите, може единствено и целосно да се оствари ако се воведе нов инструмент – уставна тужба со амандманска интервенција во членот 110 алинеја 3 од Уставот со што ќе биде до крај остварена намерата на уставотворецот.

– Со воведувањето на уставната тужба ќе се овозможи заштита на сите уставни слободи и права од страна на Уставниот суд, наместо како што е сега да се однесува само на неколку изрично наведени. На овој начин, би се надминала сегашната парадоксална ситуација, кога се отфрлаат барања за заштита на уставни слободи и права кои не се опфатени со претходно цитираната одредба од член 110 алинеја 3 од Уставот, рече Кацарска.

Таа порача дека ваквата уставна интервенција ќе предуслови и интервенција во постојниот акт кој го уредува начинот на работа и постапката пред Уставниот суд каде детално би се уредила целокупната постапка по поднесена уставна тужба.

– Водејќи се од претходно реченото, на неодамнешната средба со државниот врв, го актуализирав прашањето за воведување на уставната тужба. Притоа, покрај дел од аргументите наведени погоре, наведов дека со воведувањето на уставната тужба, како држава би ги исполниле обврските што ги имаме како потписник на Протоколот бр.15 на Европската конвенција за заштита на слободите и правата за воспоставување на национален механизам на заштита на слободите и правата како последен филтер пред обраќањето до Европскиот суд, нагласи Кацарска.

Покрај правното интервенирање, ќе биде потребно Уставниот суд да биде организационо, административно и технички подготвен пред да се започне со постапување по уставните тужби за што ќе биде потребен одреден период на подготовка. Ова ќе бара ангажирање на дополнителни буџетски средства за потребите на Уставниот суд (кои во однос на вкупните буџетски расходи согласно овогодишниот републички буџет изнесуваат околу 0,021 отсто и се далеку од она што реално му е потребно на Судот), но од друга страна, она што би се добило како нов квалитет во заштитата на уставните слободи и права, многукратно го надминува материјалното вложување, порача претседателката на Уставниот суд,  Добрила Кацарска во своето денешно излагање. /МИА/.

Next Post

ДПА: Лидерите на Г7 ќе ветат до пет милијарди долари за подобра глобална безбедност на храната

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk