ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Со формирањето на националниот Агро Совет, земјоделците директно учествуваат во носењето на одлуки и распределба на финансиската поддршка

June 28, 2022 16:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вистинската грижа за земјоделците подразбира изнаоѓање на решенија за нивните проблеми, а најдобрите решенија се оние кои се подготвени заедно со земјоделците, слушајќи ги нивните маки и нивните предлози. Токму вака креираните мерки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) веќе го даваат вистинскиот ефект и резултати.

„Кога го подготвуваме Националниот план за производство на храна отворивме широк консултативен процес, односно ги слушавме потребите и предлозите на земјоделците и стручната јавност. Се водевме од тоа да изнајдеме решение и да креираме мерка за секое барање и проблем кој тие го посочија. Така се подготви Националниот план, така се креираа мерките од Интервентниот фонд и затоа ефектот од овие мерки е толку голем, односно се соочуваме со рекорден интерес и апликации. Токму затоа можеме да очекуваме дури и во услови на светска криза, стабилно домашно производство на храна, но и зголемени приноси во клучните земјоделски гранки“, истакна министерот Николовски.

Сите мерки по завршување на широкиот консултативен процес, досега се подготвуваа во соработка со потсекторските групи во рамки на министерството, а во кои членуваат претставници на земјоделците и земјоделските стопанства. Еден од позитивните примери за ваквата соработка е поддршката за набавка на специјализирани комбајни за ориз и мобилни сушари за ориз, но и неодамнешното зголемување на грантот за поддршка на руралната жена од 3.000 на 6.000 евра, мерки кои се воведени по барање на земјоделците за олеснување и развој на земјоделското производство.

Со цел поголема улога на земјоделците во носењето на одлуки и креирање на мерки за финансиска поддршка повторно е формиран националниот Агро Советот, односно Советот за земјоделство и рурален развој. Со Советот раководи министерот за земјоделство, а во него членуваат претставници на земјоделците, земјоделските стопанства, земјоделските здруженија, стопанските комори, универзитетите и претседателите на потсекторските работни групи.

„Повторното активирање на овој Совет дава уште поголема шанса на земјоделците за директно учество во креирање на политиките и мерките на министерството. Земјоделците имаат можност да одлучат за што и како ќе се распределат средствата на министерството на транспарентен и отворен начин“, посочи Николовски.

Советот за земјоделство и рурален развој ќе ја одржи својата конститутивна седница во првата половина од месец јули годинава.

Next Post

Работните групи на црногорската Влада и на СПЦ ја усогласиле нацрт верзијата на Темелниот договор

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk