Работните групи на Владата на Црна Гора и на Српската православна црква начелно ја усогласиле работната верзија на Темелниот договор, соопштија од Кабинетот на црногорскиот премиер.
Како што се додава, работната верзија ќе оди натаму кон работните тела на владата, согласно вообичаената процедура.
„Како што ветивме, за да се постигне целосна транспарентност, текстот наскоро ќе биде објавен на официјалната веб-страница на Владата на Црна Гора“, се наведува во соопштението од Кабинетот на црногорскиот премиер.
Премиерот Дритан Абазовиќ утре заминува во прва официјална посета на Србија, каде ќе има серија средби со претставници на политичкиот и државниот врв./МИА/







