ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

НСДП студиозно и аналитично го разгледува конечниот „француски предлог“

July 3, 2022 14:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Имајќи го во предвид политичкиот моментум во кој Република Северна Македонија треба да изгради конечен став по финалниот „француски предлог“ за решавање на спорот со Република Бугарија, НСДП студиозно и аналитично го разгледува предлогот и повикува на државничко однесување на сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по истиот.

Претседателот на НСДП, Горан Мисовски, на средбата на владината коалиција побара: „Коалиционите партнери да покажат државничко однесување и ова прашање да не го користат за ситно политичко поентирање, затоа што државата и општеството се исправени пред историска одлука од која ќе зависи развојот на државата, во насока на отпочнување на процесот на преговори со ЕУ или уште неодреден број на години надвор од европскиот колосек, со неизвесност и политички премрежја“.

За НСДП државниот интерес во политичкото делување секогаш бил над партискиот и затоа тимови во партијата аналитично и студиозно го разгледуваат “францускиот предлог“ и неговата усогласеност со Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија од август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на бликадите на европските интеграции од јули 2021 година донесена од Собранието.

Земајќи ја во предвид Резолуцијата на македонското Собрание и јасно исцртаните македонските црвени линии од премиерот Ковачевски пред заминувањето во Брисел на Европскиот совет, доколку се потврди дека преку овој компромисен предлог се исполнуваат барањата на македонската страна, државата и општеството треба храбро да истапат и да го прифатиме предлогот, во спротивно треба аргументирано да го одбиеме со јасно и недвосмислено искажани причини за одбивањето, свесни за последиците во
иднина.

За НСДП единствено е прифатлива преговарачка рамка со јасна и чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет, во согласност со Резолуцијата на македонското Собрание.

Во оваа насока НСДП особено го почитува ставот на научната и стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој вчера на вонредна седница го разгледал официјалниот предлог и го донел следниот заклучок: “Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија.“.

НСДП во текот на неделата ќе одржи седница на Извршниот одбор и ќе го соопшти ставот по финалниот „француски предлог“.

Next Post

МЗШВ: Распишани повеќе од 7 јавни огласи - 13.785 хектари земјоделско земјиште ставено на располагање на земјоделците

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk