ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тупураинен: Мојата порака за Македонците е добредојдовте во ЕУ, тоа е добро место

July 4, 2022 17:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прекрасно беше да се слуша македонскиот јазик, Ви благодарам вицепремиерe за вашето топло добредоје во Скопје денес, тоа е едно прекрасно чувство да се биде овде во С. Македоија и ми претставува големо задоволство што сум овде заедно со мојот добар колега, ирскиот министер Томас Берн, истакна на прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Маричиќ, финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен.

„Ви благодарам за вашата извонредна македонска гостољубивост и вашите дискусии за време на нашата заедничка средба. Финска и Ирска се едни од најсилните и најдоследните поддржувачи на С. Македонија и јас лично ги вложив сите мои лични напори во текот на претседателството во 2019 за да се започне со преговорите за членство со С.Македонија и Албанија и почетокот на преговорите и натаму останува наш највисок приоритет и со задоволство гледам дека овде има позитивни чекори, ги поддржуваме сите напори да се најдат заемноприфатливи решенија, почетокот на преговорите е од суштинска важност не само за земјите што се засегнати туку за целиот регион и ЕУ.

Се работи за кредибилитетот на ЕУ и нејзината политика за проширување, а се разбира ова е и прашање на мир и стабилност на ЗБ и според тоа претставува европско прашање за нас, С. Македонија е позитивен пример на активен и конструктивен член на меѓународната заедница и морам да кажам дека ова го кажувам од дното на душата, дека вашата целосна посветеност и целосна усогласеност со европска полтика кон Русија е од извонредно значање затоа што е важно да се бидат цврсто обединети во нашиот одговор кон руската агресија, сега не е време да се биде во одбрана на некој, сега е време да се биде на вистинската страна на историјата, мора да се спротиставиме на Русија, да се обединиме и ззаедно да се соочиме со Русија. ЕУ и ЗБ мора меѓусебно да се поддржуваат и натаму да ја зголемат својата соработка во надворешната соработка и политика. Ви благодарам многу за вашата усогласеност со нашата политика како и за тоа што се веќе членка на НАТО.

Се надевам ја имаме вашата поддршка за нашето членство во НАТО, се надевам дека наскоро ќе бидеме сојузници, вашето искуство како членка на НАТО е од голема вредност за нас. С. Македонија следната година ќе ја добие и нашата целосна поддршка за она што ви претстои, меѓутоа се работи за многу важен процес. На крајот би сакала да кажам дека сум благодарна за нашата добра соработка и навистина посебно значање за мене да се биде овде во С. Македонија во овој историски момент. Ова е навистина голема можност за сите нас да ја зголемиме демократијата и европската соработка“, истакна Тупураинен.

– Мојата порака за Македонците е добредојдовте во ЕУ, тоа е добро место јас можам да ви кажам од нашето искуство кога ние се приклучивме во 95-та  тоа навистина ги смени нештата и во однос на тоа кои сме ние. Не сме само Финци кои се членки на ЕУ ние сме и европејци, имаме јасен идентитет како Финци. Ние сме дел од голема заедница која споделува исти вредности во поглед на владеењето на правото и човековите права и многу други вредности. Кога сте во Европа вие длабоко во себе знаете кои сте и вие Македонците може слободно да го користите вашиот јазик додека сте членка. Јас од длабочината на моето срце навистина препорачувам С.Македонија да го направи тоа што го направи и со договорот од Преспа. Мојата земја го препознава тоа и сакаме да го поддржиме вашиот начин за членство во ЕУ, додава министерката.

Д. Е.

 

Next Post

Бирн: Ние ќе бидеме со вас, сакаме да бидеме со вас секој чекор во процесот

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk