Вчерашниот протест против францускиот предлог под мотото „Ултиматум – Не, благодарам“, помина со насилство, повредени полицајци, фрлање предмети, камења по Владата и Собранието, говор на омраза, навреди, а како што може да се види од видеото и со молотови коктели.
Скршена заштитна ограда, тули, камења, отпад, шишиња е она што остана по хулиганството од вчерашните протести пред Собранието.
Министерството за внатрешни работи вчера извести дека по наслините инциденти повредени се 47 полицајци, а нанесена е штета врз објектите на Владата, Собранието и Министерството за внатрешни работи.