Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица со насилството на протестите изминатите два дена, со дивеење на насилници со качулки, повредени полицајци, со каменување, фрлање запаливи течности, уништување го покажува своето вистинско лице и вистинска цел да создаде тензии, поделби и раздор, да се закочи целата држава, пишува во соопштението на СДСМ.
Ова не може да го дефокусираат никакви лаги на Драган Ковачки. Токму Ковачки е дезертер од Армијата кој избра да им служи на деструциите на Христијан Мицкоски, пишува во партиското соопштение.
Наместо да шири лажни вести Ковачки да одговори дали токму тој е координатор на поранешни припадници на единицата Волци кои синоќа ги предводеа насилствата, во обид да предизвикаат реприза на 27 април?, велат од СДСМ.
СДСМ, институциите, заедно со граѓаните, нема да дозволиме насилничкото однесување и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрозат државата, пишува во соопштението на СДСМ.