ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Брнз: САД се со Северна Македонија во искачувањето по ридот кон посигурна евроинтегрирана иднина

July 6, 2022 20:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како што Северна Македонија, како што вие, ќе продолжите да се искачувате по ридот кон посигурна евроинтегрирана иднина, ќе мора да се соочите и со тешки предизвици. Дилемите што тие ги создаваат се единствени за вашата држава и вашето патување, но во соочувањето со нив не сте сами. САД се со вас на тоа искачувње, порача вечерва американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз на свеченоста во Американската амбасада по повод 246-годишнината од независноста на САД, јавува МИА.

Во присуство на претставници на државниот врв, политичките партии, граѓанскиот сектор, медиумите Брнз порача дека како што двете држави ќе се соочуваат со нови предизвици, така ќе се справуваме со нив заедно, како сојузници, партнери и пријатели.

Амбасадорката во својот говор потсети дека пред три години, како што рече, првпат се искачила на овој рид до Амбасадата во Скопје и била инспирирана од глетката и потенцијалот што ја опкружува.

– Бев свесна дека ќе има предизвици. За некои од нив знаев и ги очекував, како потребата да се продолжи со борбата против корупцијата, да се зајакне владеењето на правото и да се зајакнат демократските институции. Некои беа нови, како смртоносната светска пандемија, разорните шумски пожари и сега бруталната и неоправдана војна што беснее во Европа. Но, без оглед на предизвиците што ни претстоеја јас бев убедена дека односите меѓу САД и Северна Македонија се доволно силни и динамични и дека заедно ќе можеме да се справиме со истите и ќе излеземе порешителни во нашето партнерсто, истакна амбасадорката.

Таа потенцира дека изминатите три години Северна Македонија напредувала од земја која тежнеела да стане членка на НАТО, до сигурен, еднаков и способен сојузник. Потсети дека во мај земјава беше домаќин на вежбата „Брз одговор“, која беше најголемата воена вежба досега одржана на полигонот „Криволак“.

– Армијата на Северна Македнија се модернизираше и ги подобри подготвеноста и капацитетите за одговор,  а варварскат агресија на Русија врз Украина, народот за кои тие тврдат дека им се браќа и род и со кој имале толку многу заеднички работи не можеше појасно да илустрира зошто денес НАТО е поважно од кога било, истакна Брнз.

Таа напмена дека Северна Македонија постојано ја покажува својата посветеност на стратешкото партнерство и поддржувањетп на демократските принципи  истите идеали, што како што рече амбасадорката, Русија се обидува да им ги негира на граѓаните на Украина.

– Без разлика дали стои цврсто во поддршка на санкциите против Русија или им помага на лицата евакуирани од Авганистан или активно учествува на Самитот за демократија на претседателот Бајден, Северна Македонија е сигурен пријател на кој му веруваме. Заедно соработуваме за да ја заштитиме животната средина, културата и економските можности коишто ја прават Северна Македонија витален дел од регионот, истакна Брнз.

Таа во својот говор изнесе детали за различните сфери на соработка меѓу двете земји во различни области нагласувајќи дека како што се проширува лидерската улога на Северна Македонија во Западен Балкан така се зголемува и можноста за економски раст и нов развој.

Брнз истакна дека од 2019 година САД има инвестирано речиси 60 милиони долари во индустријата, инфраструктурата и иновациите, создавајќи илјадници работни места.

Нагласувајќи ја продлабочената билатерална соработка меѓу двете земји, Брнз истакна дека Вашингтон и Скопје имале повеќе можности за прослава на јубилеи и достигнувања во изминативе три години.

– Четврт век дипломатски односи меѓу САД и Северна Македонија. Триесет години партнерство со УСАИД и 25 години делување на Мировниот корпус во земјата. Долгогодишна соработка со Националната гарда на Вермонт. И секако, 30 години од вашата независност, истакна Брнз.

Амбасадорката порача дека демократијата претставува качување во угорнина.

– Нашите татковци – основачи го знаеле тоа пред 246 години, исто како што вие го знаете по 30 години. Мора да продолжиме да се стремиме кон подобрување на животите на нашите граѓани и иднината на нашите млади, да се справуваме со нееднаквостите во системот и да се залагаме за вредностите кои одамна ги браниме. НавистинÐ ° може да претставува товар да се опстои на вистискиот пат со поглед вперен нагоре, наместо да се бара излез. И понекогаш тоа значи носење тешки одлуки во тешки моменти, порача Брнз во својот говор пред присутните на свеченоста во Американската амбасада.

Next Post

ОН: 2,3 милијарди луѓе тешко или умерено гладни во 2021 година

Shortcut

Најново

Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

June 3, 2026

СДСМ: Апсењето на Богоев е монтиран случај на Мицкоски за дефокусирање од критиките на Антонио Кошта

June 3, 2026

Пет распродадени изведби во Загреб за новиот проект на Александар Поповски и Кирил Џајковски

June 3, 2026

Тренчевска: Со ВМРО, Македонија е само лидер по сиромаштија, криминал и изолација

June 3, 2026
Фото: ВЛЕН

ВЛЕН: Албанскиот ансамбл се комплетира со 45 решенија за вработување

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk