СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.А.(36) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
-На 07.06.2020, пријавениот преку апликација на мобилен телефон се слушнал со оштетената, претставувајќи се како претставник на хуманитарно здружение, при што ѝ понудил да земе стан во Скопје. По ова, оштетената заедно со нејзиниот брат отишле во Скопје и се сретнале со пријавениот и со уште едно лице, соопшти попладнево МВР.Притоа, пријавениот ветил дека веднаш ќе им даде клуч од станот доколку му дадат 2700 евра. Откако ги зел парите ја прекинал комуникацијата со оштетената./МИА/





