ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Адеми: Собранието е најдобро место да се заврши овој процес, очекувам сите пратеници да гласаат за заклучоците

July 14, 2022 14:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како пратеници внимателно ја следевме дебатата и ги идентификувавме клучните загрижености кои беа посочени од страна на учесниците во широкиот консултативен процес по прашањето за францускиот предлог за имплементација на одлуката на Европската Унија за почеток на преговорите со Северна Македонија. Сметаме дека Собранието е најдоброто место каде треба овој процес да заврши и да добие свој епилог и да се сублимираат сите укажувања што произлегоа од консултативниот процес и соодветно да се артикулираат во заклучоци кои како задолженија ние, пратениците, ќе и ги ставиме како обврска на Владата и останатите институции вклучени во преговорите.

Ова денеска го посочи пратеникот од ДУИ Арбер Адеми на прес-конференција во Собранието, пред почетокот на собраниската седница на чиј дневен ред е Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка, закажана во 13:30 часот.

– Со денешните заклучоци кои се во форма на предлог ќе ја задолжиме Владата низ текот на целиот процес на преговори безусловно да ги почитува јазичните, идентитетските, историските и културните особеност на македонскиот народ како елементи за кои не се преговара со ЕУ согласно на Резолуцијата усвоена исто така од ова Собрание пред една година, нагласи Адеми.

Владата, како што рече, ќе ја задолжат да обезбеди чиста и безусловна употреба на македонскиот јазик и тоа како во текстот на преговарачката рамка, така и во понатамошниот процес при склучување на какви било договори, спогодби и документи со ЕУ кои содржат јазична одредба, како што е Договорот за соработка со ФРОНТЕКС. Уште сега, додаде Адеми, ставаме јасна обврска за Владата и преговарачкиот тим со приемот на Република Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик да стане еден од службените јазици на ЕУ без какви било дообјаснувања, додавки, фусноти или астерикси.

– Владата ќе биде задолжена низ текот на преговарачкиот процес, билатералните прашања поврзани со билатералните преговори кои не се директно поврзани со правото на ЕУ и со Копенхашките критериуми за членство, да не ги прифаќа како одредници од кои ќе зависи отворањето и затворањето на поглавјата и кластерите во текот на пристапните преговори со ЕУ. Со посебен заклучок како еден вид преодни одредби ќе ја задолжиме Владата сите претходно посочени задолженија по нивното усвојување да бидат вградени во отворачката изјава на Република Северна Македонија при одржување на првата меѓувладина конференција со што ќе се обезбеди заклучоците на ова Собрание да влезат и во записникот на ЕУ при самиот старт на преговори како црвени линии на земјава без кои преговорите не можат да се одвиваат, појасниа Адеми, образложувајќи ги заклучоците.

Одговарајќи на прашање, Адеми рече дека очекува сите пратеници да гласаат за овие заклучоци, бидејќи, како што нагласи, јасно и гласно, кристално чисто се брани македонскиот идентитет, македонскиот јазик и особеностите на македонскиот народ.

– Имајќи ја предвид содржината на овие заклучоци, мислам дека јасно и гласно се поставуваат уште еднаш црвените линии за Владата и не само за оваа влада, туку за која било влада во иднина, рече Адеми.

Според него, нема штета од дискусии и дебати и ги повика сите политички партии и од позиција и од опозиција, доколку сметаат дека нешто треба да се преформулира, да седнат и да разговараат.

– Ако сметаат дека нешто треба да се преформулира, треба поинаков вординг за овие заклучоци да седнеме и да си поразговараме за да си дојдеме до еден единствен заеднички став, рече Адеми.

Во однос на протоколот, Адеми рече дека го прочитал и има реципроцитет од аспект на обврските.

– Никој не може да ни ги смени еднострано нашите учебници и нема прашање за кое се договорени, немаме препораки, освен една единствена препорака што треба да се проследи. Има процес на одобрување – до Министерството за надворешни работи, до Владата, па Владата до соодветното министерство. Ако станува збор за образовно прашање до МОН, па потоа на комисија, па авторот дали ќе прифати итн. Значи, да не го прејудицираме процесот, апелира Адеми.

Тој не се согласува дека обврски има само за Северна Македонија, туку дека има обврски и за Бугарија.

Next Post

Фон дер Лајен: Европа ве чека, верувам дека ова е моментот да продолжите напред кон нашата заедничка иднина

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk