ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Ѓоргиевска: Родовата еднаквост и економското зајакнување клучно за развој на македонското општество и економија

July 15, 2022 21:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Родовата еднаквост и економското зајакнување на жените се еден од клучните предуслови за одржлив и инклузивен развој на македонското општество и на македонската економија, порача сопругата на претседателот на државата Елизабета Ѓоргиевска.

На завршната конференција на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ што денеска се одржува во Охрид, под нејзино порковителство, заклучи дека настанот ќе придонесе кон поголема промоција, препознатливост и вмрежување на женските бизниси.

– Економското зајакнување на жената истовремено е индикатор на нивото на демократизација на општеството, но и патоказ кон поправеден економски развој во кој има место за секого. Тоа е зајакнување на општеството во целост и претставува инвестиција во иднината и гаранција за просперитет во државата, истакна Ѓоргиевска.

Жените во Северна Македонија, додаде, во континуитет се посветени кон позитивните општествени промени, за што сведочат нивните успеси.

– Останува уште многу да направиме. Иако жените се вклучени во некој од најважните развојни процеси, сепак се уште се соочуваат со непринципиелни бариери или не се целосно рамноправни чинители во економскиот развој и бизнис секторот. Наша задача е да работиме на овие бариери, кои го попречуваат целосното и правилно вклучување на жените во секоја сфера од развојот на државата, како нераскинлив дел од економската стабилност, социјалниот напредок и демократските вредности, рече Ѓоргиевска.

Конференцијата е во организација на Центарот за управување со промени (ЦУП), со финансиска поддршка од Balkan Trust for Democracy и USAID.

Извршната директорка на ЦУП, Неда Малеска Сачмароска изрази надеж дека со денешната дискусија за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат жените претприемачки ќе ги поттикнат државните институции и меѓународната заедница и понатаму да работат на поддршка на женското претприемништво.

– Последниот попис покажа дека жените во РСМ се уште претставуваат најголем процент од невработената популација и претставуваат 67 проценти од оние кои се најнеактивни на пазарот на трудот. Оттаму и нашата иницијатива за поддршка на женското претприемништво не е само прашање на еднаквоста, туку е и прашање за економскиот развој и просперитет на државата, истакна Малеска Сачмароска.

Претставникот на канцеларијата на УСАИД во земјават Џејмс Стајн забележа дека жените во светот биле незразмерно економски погодени од пандемијата, а достигнувањата во последните неколку децении на полето на родовата еднаквост значително разнишани.

– Многу жени ги загубија своите работни места и егзистенција. Бизнисите во сопственост на жени беа затворени, особено оние кои припаѓаат на микро и мали бизниси. Овие бизниси се главната егзистенција на голем дел од населнието во земјава и значително придонесуваат за економијата. Преку нивната работа со жените и девојките од РСМ, ЦУП создавајќи поволна бизнис клима за промовирање на родовата еднаквост преку еконосмско зајакнување на бизнисите предводени од жени, подобрување на статусот на жените и девојките, ги зајакнува стопанствата, демократиите и општествата насекаде, рече Стајн.

Смета дека треба да се зголеми финансиската помош за бизнисите водени од жени.

Присутните 35 жени занаетчики од Охрид, Битола и Скопје ги поздрави и градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, посочувајќи дека локалната самоуправа има стратегија за родова еднаквост, а во процес на изработка е и стратегијата за развој на женско претприемништво за Југозападниот регион.

– Овие документи и искрената заложба на локалната самоуправа за вистинска рамноправност меѓу жените и мажите, за нас немаат алтернатива во заедничкото градење на нашата заедница и иднина. Верувам дека со завршните активности, а посебно со базарот на женската иновативност и вештини, во полн сјај ќе блесне вашата умешност и знаење, рече Пецаков.

Учесничките на конференцијата вечерва на плоштадот во Охрид ќе ги претстават своите дела на „Базар на жени занаетчики“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

„Си-Ен-Ен“: Трамп иницирал набавка на претседателски авион од Катар, и покрај тврдењата дека тоа е „подарок“

May 20, 2025

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

May 20, 2025
Фото: МИА

Законски регулирана дополнителната и сезонската работа во државата

May 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ воведува нов систем на гранциите – ќе важи и за македонските граѓани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам е да ѝ даваш на државата мир и соживот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk