ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува нова страница во односите меѓу двете држави, соопшти бугарската Влада

July 18, 2022 13:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Македонско, бугарско и знаме на ЕУ. Софија. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Македонско, бугарско и знаме на ЕУ. Софија. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Бугарската Влада во писмена декларација по повод потпишувањето на билатералниот протокол по член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година потенцира дека со тоа завршил еден тежок процес на преговори, во кои двете Влади покажале храброст и политичка волја за надминување на несогласувањата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, со таа одлука целосно се заштитуваат правата на Бугарите во Северна Македонија и бугарскиот национален интерес.

-Имено затоа тоа доби максимално широка поддршка во Народното собрание на Бугарија, вклулчувајќи ја и опозицијата во него, што е позитивна оценка на напорите на бугарската Влада и за дадените гаранции за интересите на Бугарија, се наведува во декларацијата.

Во документот се наведува дека почнува нова страница во односите меѓу двете земји и народи, кои ќе ги постави основите за взаемна доверба и почитување, ќе ги зајакне врските во сите области и уште повеќе ќе ги зближи луѓето од двете страни на границата.

Бугарската Влада очекува да продолжи дијалогот, кој беше активиран на почетокот на 2022 година во областите како економија, инфраструктура, енергетика, култура, образование и друго. Граѓаните на Бугарија и Северна Македонија, се вели во документот, ќе се запознаат подобро, кога меѓу нив има патишта со кои се развива трговијата, се разменуваат културни настани.

– Без граници меѓу нас, но со почит едни кон други – тое е европски начин да се развиваме заедно. Немаме излузија дека со тоа сите проблеми меѓу двете држави се решени. Но ние веруваме дека веќе имаме јасна основа, изградена врз европски вредности и принципи, врз основа на кои ќе ги решаваме меѓусебните прашања, се нагласува во декларацијата.

Истовремено со потпишувањето на протоколот и по спроведувањето на соодветните уставни измени, се вели во декларацијата, се отвора патот на Северна Македонија кон преговорите за членство во ЕУ. Во документот се нагласува дека Бугарија отсекогаш била и ќе продолжи да биде меѓу најголемите поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ.

-Бугарија им се заблагодарува на сите нејзини европски партнери, кои и укажаа доверба, како и дека демонстрирале разбирање на бугарската позиција и примената на декларираните принципи во пракса, се додава во декларацијата.

 

Next Post
ukrinform.ua

Во Украина од почетокот на војната загинале 353 деца, а повеќе од 662 се повредени

НАЈНОВО

Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025
Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk