ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Северна Македонија припаѓа во европското семејство, нашето место е во ЕУ

July 19, 2022 09:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Огромно е задоволството што после 17 години чекање, денес конечно ги отпочнуваме преговорите. Отвораме нови перспективи за државата и за граѓаните, и полека но сигурно се приклучуваме кон големото европско семејство, што е наша приоритетна стратешка цел децении наназад, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој денеска пред одржувањето на меѓувладината конференција во Брисел а по средбата со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот на Чешка Петр Фиала, посочи оти верува дека овој нов почеток за регионот ќе значи просперитет и напредок.

-Во пресрет на Меѓувладината конференција со која ги отвораме преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија упатувам искрена благодарност до сите наши пријатели на Европска Унија, за нивната поддршка, вклученост и посветеност на европската интеграција на нашата држава. Нивната заложба беше клучна ние денеска тука во Брисел да го направиме првиот чекор кој ќе не одведе до полноправно членство во Унијата, рече премиерот.

Ковачевски напомена дека европскиот предлог кој е добиен преку широк консултативен процес го препознаа како најдобро можно решение кој, како што рече, од повеќе аспекти ги почитува и задржува црвените линии, а во исто време дава конечно почеток на преговорите.

Потенцираше дека во него е прецизиран македонскиот јазик без никакви дополнувања и дообјаснувања.

-Со тоа се отвора вратата нашиот македонски јазик да стане еден од официјалните јазици на ЕУ, што лично го сметам за најголемо достигнување и нјважен успех. Макеодонскиот јазик на овој начин не само што ќе биде заштитен, туку и ќе доживее и неверојатна промоција, со тоа што многу земји и култури кои традиционално немаат допир со нашиот македонски јазик, ќе можат да се запознаат со него, додаде Ковачевски.

Нашиот идентитет, јазик, култура и обичаи, како што потенцираше премиерот, и понатаму ќе останат наши автентични македонски и во Европската Унија, а тоа појасни, ќе биде поголемо богатсво за Унијата и обединување во различностите.

-Северна Македонија припаѓа во европското семејство. Нашето место е во ЕУ. Ние досега многу пати докажавме дека сме партнер од доверба на Европската Унија и за земјите членки, и така продолжуваме да работиме и да функционриаме во иднина, рече Ковачевски.

Премиерот исто така упати честитка и до граѓаните на Албанија и до неговиот колега Еди Рама за отпочнување на преговорите и за нивната земја.

Потенцираше оти очекува да имаме позитивен пример за најбрза интеграција на земјата во Европската Унија исто како што имавме најбрза интеграција на земјата во НАТО.

-Ние продолжуваме понатаму со истата динамика и регионална соработка. Впрочем, како што и досега одлично и целосно во интерес на нашите граѓани работиме посветено во рамки на нашите авентични иницијативи и процеси на соработка. Подготвени сме за Европската Унија, додаде Ковачевски.

Next Post

Маричиќ: Денес застануваме рамо до рамо со сите европски земји членки

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk