Денес застануваме рамо до рамо со сите европски земји членки и ја одржуваме првата меѓувладина конференција со ЕУ со која официјално ги отпочнуваме пристапните преговори, по што ќе следува и скрининг состанокот, напиша вицепремиерот за европски прашања Маричиќ.
„19.7.2022
Ден кој останува запишан во модерната европска историја на Република Северна Македонија.
Денес застануваме рамо до рамо со сите европски земји членки и ја одржуваме првата меѓувладина конференција со ЕУ со која официјално ги отпочнуваме пристапните преговори, по што ќе следува и скрининг состанокот.
Има на што да сме горди и да се радуваме“, пишува во објавата.