ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Кина се закани со одлучни мерки кон Вашингтон доколку Пелоси го посети Тајван

July 19, 2022 16:24
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кина ќе преземе „одлучни и силни мерки“ доколку претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси не се откаже од намерата да го посети Тајван, предупреди денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Портпаролот на кинеското МНР Жао Лиџијен изјави пред медиумите дека посетата на Пелоси на Тајван „сериозно ќе го поткопа суверенитетот и територијалниот интегритет“ на Кина, значително негативно би влијаела врз основите на кинеско-американските односи и би испратила „мошне погрешен сигнал” до силите што се залагаат за независност на островот.

„Ако САД продолжат да инсистираат да се движат по погрешниот пат, Кина ќе преземе решителни и силни мерки за заштита на својот суверенитет и територијален интегритет“, рече Жао.

Пелоси би требало идниот месец да го посети Тајван, островот со сопствена управа што Кина го смета за дел од својата територија. Таа требаше да го посети Тајван во април, но го одложи патувањето бидејќи беше позитивна на Ковид-19. Пелоси би бил највисокиот американски функционер што го посетил Тајван по 25 години кога островот го посети тогашниот претседател на Претставничкиот дом Њут Гингрич.

Кина предупредува дека доколку биде потребно со употреба на сила ќе го анектира Тајван, често врши прелети со воени авиони низ тајванскиот воздушен простор и одржува воени маневри на кои армијата увежбува инвазивни активности.

Изминатите седмици Пекинг ја засили реториката по однос продажбата на оружје од САД на Тајван, барајќи раскинување на договорот вреден околу 108 милиони долари.

Народна Република Кина и Тајван, чие официјално име е Република Кина, се со посебни влади од кинеската граѓанска војна во втората половина на 1940-тите години. По поразот од комунистите, националистите предводени од Чанг Кај Шек се префрлија на Тајван, островот оддалечен 160 километри од континентална Кина, каде формираа своја влада во 1949 година.

Оттогаш Тајван практично функционира како независна држава, но Пекинг се спротивставува на какви било официјални контакти на тајванската влада со други земји бидејќи го смета островот за дел од својата територија./МИА/

Next Post

Ќучук го означи како историски ден отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk