ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Спасовски: Сите пратеници да преземат одговорност и да биде усвоен Законот за јавно обвинителство

Сега е моментот сите политички партии, сите претставници на народот во Парламентот, да бидат на висината на сопствената должност и да преземеме одговорност за иднината на државата и за нејзината иднина како членка на ЕУ и за правдата, и затоа го охрабрувам дијалогот со Владата за носење на Законот за јавно обвинителство“

January 26, 2020 13:32
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Сега е моментот сите политички партии, сите претставници на народот во Парламентот, да бидат на висината на сопствената должност и да преземеме одговорност за иднината на државата и за нејзината иднина како членка на ЕУ и за правдата, и затоа го охрабрувам дијалогот со Владата за носење на Законот за јавно обвинителство“, истакна претседателот на Владата, Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Владата.

Заврши времето само на декларации и изјави. Посебно ги повикувам пратениците од најголемата опозициска партија да се престане со партиски калкулации и политиканство, со ставање на партиските и личните интереси пред интересите на државата и конечно да се вградат во законот кој што ќе значи гарантирано зголемување на правдата, гарантирано зголемување на судството и на јавното обвинителство, и да помогнат, бараме еднаш сега, да ги оствариме нашите интереси во делот на усвојување на законот и на добивање на датумот за почеток на преговорите со ЕУ, нагласи премиерот Спасовски.

Претседателот на Владата Спасовски нагласи дека иако ЕУ не го постави донесувањето на Законот за јавно обвинителство како услов, неговото усвојување ќе биде дополнителен позитивен момент кој што ќе биде потребен за да ги отпочнеме преговорите што е можно поскоро.

„Очекувам дека овој дијалог ќе придонесе да се донесе ова законско решение, политиката еднаш засекогаш да ги тргне рацете од судството и обвинителството и преку законот да се гарантира правдата за секого во нашата држава. Тоа се моите очекувања. На тоа работиме сите ние во Владата и во Парламентот и целиот напор во наредниот период ќе биде да имаме успех и да го донесеме Законот за јавно обвинителство“, рече премиерот Спасовски на прес-конференцијата во Владата која беше посветена на Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување за 2020 година.

Next Post

Советничка на Груевски, назначена за шефица на кабинет кај Мизрахи

НАЈНОВО

Пад на каматите на кредитите, раст на каматите на депозитите во септември

November 3, 2025
Фото: МИА

Кривична постапка за организирање борби со кучиња во битолско

November 3, 2025

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk