ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Процесот на пристапување кон ЕУ де јуре и де факто започна пред два дена

July 21, 2022 12:17
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Ги започнавме преговорите онака како што ветивме со заштитен македонски јазик и идентитет. Се е направено пред се заради нас, за нашите граѓани и за нашите деца да живеат подобро и да живеат како сите останати европски народи, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Де јуре и де факто, процесот започна пред два дена на 19 јули кога ја одржавме првата меѓувладина конференција која ја означува последната етапа од нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, рече Маричиќ на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека тоа е наша стратешка определба од осамостојувањето на државата која станува реалност по 21 година од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација и 17 години откако го добивме статусот кандидат за членство во ЕУ.

Маричиќ истакна дека веќе 45 отсто од нашето законодавство е усогласено со европското и додаде дека постојано се зголемуваат капацитетите за превод на македонски јазик.

Скринигот се состои од две фази. Објаснувачки скриниг каде Европската комисија на државата кандидати и ги презентира клучните правни акти за секое поглавје и билатерален скриниг каде земјата кандидат го презентираме го презентира степенот на усогласеност на националното законодавство согласно со презентираните акти на  ЕУ за време на претходната фаза, но исто така и институционалните капацитети и спроведувањето на законите, истакна Маричиќ.

Појасни дека скринингот, иако се гледа како техничка операција мора да се гледа како суштински елемент на пристапните преговори, бидејќи ја дава сликата за се што треба да направиме во годините што следат со цел да ги спроведеме реформите од ЕУ-агендата и да ги отвориме, да напредуваме и да ги затвориме поглавјата и кластерите. Според Маричиќ, скринингот по кластери и поглавја официјално почнува во септември и тој ќе се спроведува истовремено и за нашата земја и за Албанија.

Тој ги претстави шесте кластери на преговарачки поглавја/теми и појасни за секоја од нив какви се нашите обврски и начинот за нивно усвојување.

Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Кластер 1. Фундаментални вредности

23 -Правосудство и фундаментални права

24 -Правда, слобода и безбедност

Економски критериуми

Функционирање на демократските институции

Реформа на јавната администрација

5 -Јавни набавки

18 –Статистика

32 -Финансиска контрола

Кластер 2. Внатрешен пазар

1-Слободно движење на стоки

2-Слобода на движење на работници

3-Право на основање и слобода на давање услуги

4-Слободно движење на капитал

6-Право на трговски друштва

7-Право на интелектуална сопственост

8-Политика на конкуренција

9-Финансиски услуги

28 –Заштита на потрошувачи и здравствена заштита

Кластер 3. Конкурентност и инклузивен раст

10 -Информатичко општество и медиуми

16 –Оданочување

17 -Економска и монетарна политика

19 -Социјална политика и вработување

20 -Претпријатија и индустриска политика

25 -Наука и истражување

26 -Образование и култура

29 -Царинска Унија

Кластер 4. Зелена агенда и одржлива поврзаност

14 -Транспортна политика

15 –Енергија

21-Трансевропски мрежи

27 -Животна средина и климатски промени

Кластер 5. Ресурси, земјоделство и кохезија

11 –Земјоделство и рурален развој

12 -Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика

13 –Рибарство

22 –Регионална политика и координација на структурни инструменти

33 –Финансиски и буџетски одредби

Кластер 6. Надворешни односи

30 –Надворешни односи

31 –Надворешна, безбедносна и одбранбена политика.

Next Post

Маричиќ: Приоритет ќе бидат трите патокази во делот на кластерот фундаментални вредности, нема повеќе потреба од реформски планови надвор од ЕУ

НАЈНОВО

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk