Трите патокази во делот на кластерот фундаментални вредности ќе ни бидат приоритет, а тоа се: патоказот за владеење на правото, патоказот за функционалност на демократските институции и патоказот за реформи во јавната администрација, одговори на денешната прес-конференција вицепремиерот Бојан Маричиќ на прашањето од Фронтлајн, за тоа – Кои се најитните реформски чекори што треба да ги направи Владата во овој период?
Маричиќ нагласи дека наша е задачата, но заедно со Европската комисија, треба да ги направиме тие три патокази во наредните неколку месеци.
Тоа ќе ни бидат нашите реформски планови, тоа ќе бидат нашите задачи и ќе ни биде најважно во натамошното делување и тоа практично значи дека нема повеќе потреба од реформски планови надвор од преговорите со Европската унија, одговори Вицепремиерто на прашањето од Фронтлајн.