РИБАРО
Лиредите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, биле во руската амбасада во Скопје на консултации за најавениот Референдум против ЕУ, информираат за АХА, извори од белата палата на вмровците.
Како што наведуваат нашите извори, лидерите на двете партии барале помош околу формулирањето на прашањето што би се поставило на евентуалниот референдум против отпочнувањето на преговорите со ЕУ и околу тоа – какви сопки да поставуваат на евроитеграцискиот пат на Македонија.
Двајцата лидери добиле насоки за референдумот, но и како да се кандисуваат луѓето да се потпишат и слични технички работи.
Изворите на АХА, известуваат и за инцидент на средбата помеѓу Мицкоски и Апасиев.
Имено, инцидентот бил околу тоа кој ќе биде главниот што ќе го води антиЕУ референдумот. Мицкоски рекол дека референдумот е негова идеја и дека природно е тоа да биде тој, на што рускиот амбасадор слатко се насмевнал. Апасиев, пак, му се размавтал на Мицкоски со анкетите за мизерниот рејтинг што го има Мицкоски и во својата партија и кај опозициските гласачи. Кавгата кулминирала со близок контакт, на што Апасиев му се нафрлил на Мицкоски со пцовки: Излези надвор бе, крв да ти…
Морало да интервенира и обезбедувањето од руската амбасада, по што им зашлакале по два три шамари на обајцата за да ги смират.
На средбата, Мицкоски и Апасиев добиле инструкции и за тоа како да ја саботираат прославата на претстојниот Илинден во Крушево, но како што истакнуваат нашите извори, деталите за тоа ќе ги имаме деновиве.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK