Во градот Миколаев во Украина, руските сили гранатираа постојка за јавен превоз при што загинаа пет лица, а 13 други беа ранети, обајви Хана Замазеева, шеф на Регионалниот совет на Миколаев, пренесува Укринформ.
„Нападната постојка за јавен превоз. Досега 13 се повредени, а петмина загинаа. За се ќе одговараат. Тие се вистински терористи…“, напиша Замазеева на Телеграм.