коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА
Водвиљот што го гледаме во судниците, несигурноста на бизнис секторот, општата неизвесност со која се соочуваат граѓанките и граѓаните во нашата земја, незадоволството и разочарувањето од неказнивоста во која уживаат криминалците од поранешниот режим – сето тоа е последица од нереформираниот правосуден систем. Едно од најважните законски решенија од кои зависат бројните случаи на висока корупција е токму законот за јавно обвинителство.
Со новиот закон за јавно обвинителство, се предвидуваат решенија со кои обвинителството ќе излезе од тефтерчињата на Груевски, Мијалков, Јанкуловска и другите ликови од мрачната разгледница на македонската реалност и ќе застане на свои нозе. Ќе ѝ помогне на заробената држава да се ослободи и да се приближи со еден крупен чекор кон демократска Европа во која владеењето на правото е секојдневие.
Реформираното судство, почнувајќи од нов, европски закон за јавно обвинителство ќе значи и правда. А тоа значи и затворски казни за оние што фрлаа луѓе во ендек, влечеа луѓе за уши на гласање, крадеа, лажеа и тепаа. Наместо да се факторизираат и да шетаат слободни, ќе се соочат со полната сила на законите.
Затоа, ВМРО-ДПМНЕ веќе цела година ги злоупотребува сите можни правни, политички и медиумски оружја да ги осуети напорите на системот да заздрави, а луѓето на правдата да го заземат своето вистинско место во тој систем, со сето достоинство што тој позив го носи. Повторно го гледаме тој судир меѓу стремежите да се изгради демократска држава во која владеењето на правото и почитувањето на човековите права и слободи се во остра и беспоштедна борба со паничните обиди да се заврти тркалото на историјата наназад – кон заробената држава и Сваровски судството.
Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.