ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Ковачевски: Со отпочнувањето на преговорите се отвора нова страница за развој, референдум ќе значи враќање назад

August 4, 2022 08:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Димитар Ковачевски
Принтскрин/ Интервју за Канал 5

Димитар Ковачевски Принтскрин/ Интервју за Канал 5

Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со усвојувањето на ревидираниот француски предлог со кој се одблокираа евроинтеграциите на земјава, премиерот Ковачевски за вестите на „Канал 5“ истакна дека граѓаните веќе се определија за држава која ќе биде демократска и која ќе стане членка на Европската Унија уште на 19 јули кога практично ги започнавме преговорите со ЕУ.

„Во изминатиот период решивме две крупни прашања кои значат дооформување на стратешките прашања. Првото прашање беше признавањето на автокефалноста на МПЦ и примање во канонско единство со другите православни цркви. Втората одлука е отпочнувањето на преговорите со Европската Унија која ја донесе Собранието на Република Северна Македонија, каде што со големо мнозинство на гласови се прифати предлогот на Европскиот Совет за отпочнување на преговорите со ЕУ.  И второ, со кои заклучоци во преговарачка рамка и во сите други документи се заштитени македонскиот јазик, нашиот идентитет, посебноста. Сите оние прашања кои се однесуваат на билатерални односи со соседите, пред сè мислам на Република Бугарија и Република Грција, се одвиваат на билатерално ниво и не се дел од преговарачкиот процес. Тоа беше потврдено и од страна на претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен и потпретседателот Борел, со јасно искажани ставови дека македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка и дека ќе биде еден од официјалните јазици на ЕУ дента кога ќе влеземе во Унијата“, истакна премиерот Ковачевски.


Ковачевски потсети дека веќе е започнат процесот на скрининг и дека со ова нашата земја отвори нова страница во својот развој.

„Бидејќи споменувате анкета којашто никој ја нема објавено, дека имало некакво противење, морам да споменам дека ние имаме над 70% од граѓаните кои сакаат членство во ЕУ. Никој не спомна никакво референдумско прашање и единствено референдумско прашање коешто може да биде е дали ние сакаме да бидеме членка на Европската Унија или не. Еден таков референдум ќе биде само враќање назад и правење трошоци. Тој е единствено за внатрешна политичка употреба на ВМРО – ДПМНЕ и има само две политички партии кои се против членството во ЕУ, тоа е ВМРО – ДПМНЕ која не ги ни поддржаа заклучоците во Собранието и Левица”, посочи Ковачевски.

Тој истакна дека како земја се наоѓаме пред нова страница, а за таа цел треба што побрзо да ги завршиме нашите обврски со вклучувањето на делови од народи кои живеат во Репулика Северна Македонија, а во моментов не се дел од преамбулата: Црногорци, Хрвати, Бугари и други.

„Опозицијата прво зборуваше дека јазикот нема да биде признаен, тоа веќе не се зборува. Потоа, дека идентитетот ни е загрозен, и за тоа повеќе не се зборува и третата теза – дека ќе настанела асимилација и бугаризација што како процес не постои теоретска можност да се случи. Вчера бевте дури и сведоци дека прв пат Министерството за надворешни работи на Република Бугарија го честиташе празникот 2 Август на нашата држава, што сметам дека е во насока на градење на добрососедски односи. Некој тврди и манипулира дека некој ќе го асимилирал овој народ, а овој народ не бил асимилиран никогаш во својата историја. Сите што живееме овде точно знаеме што сме и кои ни се корените”, истакна Ковачевски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ОН: Речиси 12 милиони се соочуваат со акутен глад во Судан

НАЈНОВО

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

Мицкоски: Експертите велеа дека најмалку седум дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, а го изгаснавме за 30 часа

September 15, 2025

Со одлука на Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk