ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Активен пожарот меѓу охридските села Вапила и Расино, изгаснати 20 пожари во изминатото деноноќие

August 9, 2022 09:23
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Утрово има еден активен пожар, а 20 се изгаснати во последното деноноќие при што е опожарена сува трева и ниска вегетација. Било интервенирано и на гасење пожари на неколку куќи, плевни и овоштарник, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно добиените информации од регионалните центри за управување со кризи од градовите во државата.

Се уште активен е шумскиот пожар во планината меѓу охридските села Вапила и Расино. Гори деградирана шума. Досега се опожарени околу 12 хектари површина.

Територијалната противпожарна бригада од Охрид  и денеска е на  терен со едно противпожарно возило и шест пожарникари. Од утрово од 5 часот на терен се вкупно околу 50 луѓе. Пожарот гори на три страни и се прават напори за негово обиколување, но поради тешкиот терен гасењето оди отежнато.

Пожарот кај селото Фурка нема активно горење и е локализиран во 19 часот. На терен се останати екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, а другите се повлечени. Во текот на денот ќе се изврши контрола на опожарената површина за проверка на местата од каде што се уште има чад.

Од ЦУК информираат дека било интервенирано и на депонија кај селото Добрашинци во општина Василево и на запалено ѓубре во Јурумлари во скопската општина Гази Баба. Кај Градско и кај селото Виничани била опожарена сува трева. Кај светиниколската месност „Ливади“ е интервенирано за запалена сува трева, а слична интервенција имало и кај селото Теарце. Сува трева била опожарена и кај битолското село Крстоар, а интервенирано е и во близина на автопат кај селото Табановце.

Во Охридско, кај с.Велестово е интервенирано на запалена куќа, а кај кичевското село Другово била запалена куќа и плевна. Во населбата Доброшане во Куманово изгорела штала, а во пожар во местото „Стари Лозја“ изгорела една куќа. 

Во Општина Липково, кај селото Никуштак е интервенирано на гаснење сува трева и борова шума, а во Старо Нагоричане, кај селото Макреш на гаснење сува трева. Во Крива Паланка, кај селото Луке е интервенирано на гаснење запалена ниска вегетација и насади со овошки (сливи и јаболки), а кај селото Псача е гаснета сува трева. Во Скопје, во општина Бутел е интервенирано на гаснење сува трева, а во општина Шуто Оризари имало запалена депонија. /MИА/.

Next Post
Проф. Ана Чупеска

Чупеска: Референдум за документ каква што е Преговарачката рамка е „non sense“

Најново

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

(ВИДЕО) Шпанија и СЗО прогласија „успех“: Заврши евакуацијата на крузерот поради хантавирус

May 12, 2026

Дали „кризната состојба“ е механизам за спас или легален бајпас за тендери во четири очи?

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk