ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Чупеска: Референдум за документ каква што е Преговарачката рамка е „non sense“

August 9, 2022 09:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Проф. Ана Чупеска

Проф. Ана Чупеска

Share on FacebookShare on Twitter

Според професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, д-р Ана Чупеска, процедуралниот аспект на самата референдумска иницијатива што се промовира воопшто не е спорен, но мотивите позади целата приказна се крајно сомнителни и во сето ова освен етно-популизам, таа не може да препознае ништо конструктивно.

Многу е важна една друга фундаментална димензија при секој референдум, без разлика дали се организира кај нас или каде било каде во демократскиот свет. Таа димензија е поврзана со тоа дека референдумот не треба да биде средство со кое ќе се поентира популистички, а притоа да не им се предочи на граѓаните за реалните последици од одлуките кои ќе ги донесат. Затоа, без разлика каква е одлуката т.е. исходот од неа, политичките актери мораат јасно и прецизно да ги предочат опциите, последиците и придобивките. Би рекла дека е опасно референдум да се распишува во вжештена атмосфера и под силни емоции, а посебно во услови на дезинформациски хаос, затоа што, во такви околности граѓаните може да не резонираат рационално при одлучувањето. Важно е имено, да се знае точно за што се донесува одлука, какви се долгорочните ефекти од неа и последиците или придобивките, вели Чупеска во разговор за МИА.

Задолжителен или консултативен референдум Науката го дефинира референдумот како облик на непосредно изјаснување на граѓаните за одреден правен акт или за донесување на одредена одлука од посебно значење и претставува најзначајна и најраспространета институција на непосредната, односно директната демократија во светот. Во теоријата се познати два основни типа на референдумско изјаснување – задолжително, односно обврзувачко и факултативно, односно консултативно.

Како што појаснува Чупеска, „задолжителноста“ на референдумот не подразбира дека гласањето е задолжително, туку дека одлуката која ќе ја донесат граѓаните при гласањето е обврзувачка, односно задолжителна, додека „консултативниот“ карактер на еден референдум не подразбира одлучување, туку повеќе би се рекло изразување на мислење по определени прашања.

Оттука, доколку ВМРО-ДПМНЕ се определи да иницира „консултативен“ референдум, тоа би значело дека граѓаните при изјаснувањето само би го изнеле својот став и мислење по соодветно поставеното прашања, без тоа да има правни последици. Од друга страна доколку се решат за „задолжителен“ референдум, како што, според Мицкоски, партијата преферира, тогаш би се покренале серија други прашања.

Професорката Чупеска потсетува дека во Собранието веќе се донесени заклучоците за Преговарачката рамка и затоа не гледа реална причина зошто повторно би оделе на референдум за веќе усвоени позиции во Собранието.

Оттука, би се задржала на она што е од суштинско значење – имено, дали референдумот ќе биде за некои си апстрактни, а неспроведливи теми или пак за конкретни и спроведливи работи. На пример, референдум кој се однесува на дел од документ кој е донесен во ЕУ, а по него се произнело Собранието, не може да биде реална тема која зависи од нас. Ако тоа го направиме, суштината е дека праќаме порака за прекинување на преговорите, праќаме порака дека не сакаме во ЕУ. Но, ако им е тоа целта на ВМРО-ДПМНЕ, таквата цел тие треба чесно да ја артикулираат, а не да манипулираат со „прашањето“ и со самата постапка за референдумот. Тоа не е во ред и всушност е крајно неодговорно, додава Чупеска.

Според неа, организирањето референдум за документ, каква што е Преговарачката рамка, која веќе е усогласена од ЕУ, по која нашето Собрание донесе заклучоци и Владата ја усвои е „non sense“.

Затоа е битно да не се манипулира со референдумското прашање. Иницијаторите, во таа смисла мора да бидат на висина на задачата и да декларираат јасно и прецизно што им е намерата, а не да се затскриваат позади популистички приказни, додава Чупеска во разговорот за МИА.

 

Next Post

Радев: Од големо значење е овие избори да донесат стабилно и одговорно владејачко мнозинство

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk