ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, за Народна банка тоа е силен сигнал за макроекономската и финансиската стабилност на државата

August 20, 2022 13:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед. Стабилниот изглед, како што е нотирано во извештајот на Агенцијата, се должи на проактивното креирање политики на Владата за ублажување на кризата произлезена од руско-украинската војна. Агенцијата ги истакнува и напорите на Владата во насока на зајакнување на системот на јавни финансии, како што е новиот Закон за буџети којшто предвидува  реформи во насока на буџетското планирање и контрола на реализацијата, пренесува МИА.

– Задржувањето на кредитниот рејтинг во континуитет и покрај ефектите од руско-украинската војна, енергетската и ценовната криза е од исклучително значење, бидејќи претставува позитивен сигнал и јасен показател за довербата на инвеститорите во политиките што се водат во земјата, велат од Министерството за финансии.

Во извештајот се оценува дека земјава ќе ги надмине влијанијата од конфликтот во Украина и дека се очекува растот на економијата да зајакне во 2023 година, по прогнозираното забавување на растот во 2022 година.

– Инфлацијата ќе опаѓа како што се намалуваат ценовните притисоци, се вели во извештајот, во кој се додава дека ризиците произлегуваат од руско-украинскиот конфликт и дека напредокот во процесот на ЕУ интеграцијата е основа за структурен и институционален развој што би ги поддржале економските перспективи.

Од „Стандард и Пурс“ за дефицитот посочуваат дека тој во 2022 година ќе изнесува 5,1 проценти со постепена консолидација во наредните четири години. Зголемувањето се должи на потребата да се обезбедат средства за нови антикризни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и подобрување на животниот стандард, повисоки пензии, ликвидност на стопанството, субвенции во земјоделскиот сектор.

Народната банка денеска оцени дека потврдата на кредитниот рејтинг на земјава од страна на кредитната агенција „Стандард и Пурс“ е силен сигнал за макроекономската и финансиската стабилност на државата.

– Во извештајот на кредитната агенција се наведува дека не се очекуваат промени кај фиксниот курс на денарот врзан за еврото. Во извештајот се посочува на ефектите од растечките цени на енергенсите на девизниот пазар,  при што очекувањата на „Стандард и Пурс“ се дека овие притисоци ќе се намалуваат со постепеното намалување на цените на енергијата. Притоа, кредитната агенција укажува на приливите на странските директни инвестиции коишто се стабилни, како и на надворешното задолжувањe на државата како фактори што ќе обезбедат дополнителна поддршка на девизните резерви, соопштуваат од Народната банка.

Во извештајот за кредитниот рејтинг се наведува дека врските на нашиот финансиски сектор со Русија се ограничени и дека не се соочивме со последици од санкциите врз подружниците на руските банки. Забележуваат дека првичниот ефект од почетокот на војната во Украина врз депозитите е стивнат, при што Агенцијата не очекува значителни дополнителни повлекувања на депозити или нивна конверзија во странска валута. Во извештајот се нотира и дека стапката на нефункционални кредити останува ниска на 3 проценти, а стапката на адекватност на капиталот е стабилна на 17 проценти, со што тој и понатаму останува здрав и стабилен.

– Од страна на „Стандард и Пурс“ се посочува и на досега преземените мерки на Народната банка коишто се во насока на стабилизирање на инфлацијата, но и зголемување на преференците за располагање со домашна валута и дополнително зајакнување на капацитетот на банките за справување со шокови, се наведува во денешното соопштение на Народната банка. 

Next Post

(ВО ЖИВО) Ковачевски од Маврово и Ростуше: Од утре, сите заедно, посветено да работиме за успешна општина

НАЈНОВО

Скриншот

Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција Диела е бремена, очекуваме 83 деца

October 27, 2025

„Ле Каландре“ од Италија е најдобар ресторан во светот за 2025

October 27, 2025
Фото: МИА

Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk