ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Дадовме јасно до знаење дека ќе ја зачуваме макроекономската стабилност

August 21, 2022 10:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Kако централна банка дадовме јасно до знаење дека ќе преземеме решавачки чекори за да ја зачуваме стабилноста и да обезбедиме среднорочна ценовна стабилност, посочува во интервју за „Слободен печат“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Таа објаснува дека Народната банка, како и многу централни банки, започна со нормализирањето на монетарната политика како одговор на растечката инфлација и подигнувањето на инфлациските очекувања. Сепак, покачувањето на основната камата е умерено и постепено, затоа не се очекуваат силни и нагли промени во каматната политика на банките.

“Голем број централни банки го започнаа нормализирањето на монетарната политика како одговор на растечката инфлација и подигнувањето на инфлациските очекувања. Сепак, ова не се вообичаени услови, во кои централните банки реагираат на прекумерната побарувачка којашто ја подгрева инфлацијата. Станува збор за појава на инфлација којашто во најголем дел ја движат  фактори на страна на понудата, и кои во комбинација со постпандмичното закрепнување на побарувачката придонесуваат за значително забрзување на инфлацијата во глобални рамки. Овој ценовен шок трае подолго и е релативно силен, па оттаму се пренесува и на останатите цени и на инфлациските очекувања коешто упатува на потреба од водење на претпазливи домашни политики.  Од друга страна, моментално изгледите за раст се неизвесни и неповолни. Затоа и промените во каматната стапка се постепени, а циклусот на затегнување е поумерен и проследен и со други комплементарни мерки коишто треба да ги стабилизираат очекувањата и довербата, да делуваат на цените и на склоноста за располагање со домашна валута”, истакнува гувернерката.

Таа посочува дека покрај зголемувањето на каматната стапка, во два наврата се направени и промени во системот на задолжителната резерва во насока на стимулирање на штедењето во денари, а исто така воведен е и контрацикличен заштитен слој на капиталот, со кој дополнително се јакне и капацитетот на банките за реакција на шокови.

„Треба да измине време за да се согледаат ефектите од овие мерки. Со оглед на постепеното и умерено нагорно придвижување, не се очекуваат силни и нагли промени во каматната политика на банките, иако веќе кај одредени производи, пред сѐ депозитните, се забележуваат одредени нагорни корекции. Кај каматните стапки на кредитите засега нема позначајни поместувања“, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Next Post

Костадиновска-Стојчевска во Битола за „Браќа Манаки“: Најстар фестивал во светот посветен на уметноста и љубовта кон кинематографијата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk