ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Се работи на отстранување на штетите од поројниот дожд и поплавите во Долнени, Тетово и Виница

August 23, 2022 10:24
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се работи на отстранување на штетите од синоќешните обилни врнежи од дожд што ги зафатија општините Виница, Долнени и Тетово. Во Виница се поплавени над 60 објекти и таму речиси е завршено испумпување на водата од станбените објекти. Се работи на инфраструкатурата во урбаното подрачје на градот и во текот на денот се очекува се да биде завршено доколку нема нови врнежи на дожд, информираа утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за МИА.

Екипи на ТППЕ Виница биле на терен синоќа до 23:00 часот, при што имале вкупно 20 интервенции, претежно на деловни објекти и училишта. Во најголем дел штетите се санирани, а во моментот се на терен со две пумпи и тројца пожарникари на пријава на еден деловен објект.

Градоначалникот известува за почеток на пријава на штети во службите на Општина Виница, како и брзо интервенирање на Комисијата за процена на штети и најавен е и состанок на Општинскиот кризен штаб. Екипа на ЈП „Солидарност“ Виница со едно возило и три лица се на терен за санирање на затнати водотеци на реките и шахтите, како и чистење на наноси од улиците. Пријавена е и интервенција на поединци со сопствени пумпи за санирање на поплавени подруми. ДЗС ПО Виница преотстапи три пумпи на ТППЕ Виница во период на траење на интервенциите, соопшти ЦУК.

Село Лажани, Општина Долнени синоќа беше зафатено со поплави од поројни дождови. Од ЦУК посочуваат дека се работи за долниот дел од селото, каде поминува терцијалниот канал кој, како што велат, од низа причини бил стеснет од ф-1000 на ф-100 и ф-200. Се работи за дел каде се приватни станбени куќи заради можност да се премости влезот над каналот.

Во Лажани струјата беше исклучена и дел од жителите на селото беа евакуирани. Во Лажани беа зафатени над 30 објекти и се уште се работи на расчисатување. Од ЦУК информираат дека ако нема пообилни врнежи од дожд, во текот на денот се ќе биде под контрола.

Жителите на Лажани информираат дека веќе состојбата се нормализира.

Обилни врнежи на дожд по 20 часот синоќа имаше во урбаниот дел на Тетово, а исто така и во Мала Речица. Од ЦУК информираат дека имаше евакуација на десетина луѓе, кои се сместени на безбедни места се додека не се испумпа водата од нивните објекти.

Од ЦУК соопштија дека утрово во 2.30 имаше проблем со селото Џерма, каде од силниот порој од водата од планинскиот дел беше уништен ѕид од една куќа, а некои автомобили се блокирани. Жителите бараат надлежните органи што поскоро да преземат мерки. На терен се екипите на општините, на ЦУК, на ДЗС, на ТТПЕ, СВР Тетово и дриуги, се работи со градежна механизација.

Next Post

Обид за предизвикување етничка омраза преку дезинформации врз основа на контроверзниот извештај на Дик Марти од 2010 година

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk