По повод Денот на независноста на Украина – 24 август, Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија и Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ денеска на плоштадот Македонија, организираа пригодна свеченост.
Руман Буга, прв секретар во Украинската амбасада во Северна Македонија, порача дека војната во Украина промени се, како и за државата, така и за Европа и за светот.
– Да се потсетиме на патот по кој ние Украинците тргнавме и колку успеавме да промениме. Украинците докажаа дека се непобедливи. Им благодариме на сите кои ја покажаа својата сила во ова време, сите кои се бореа и се борат за Украина и им помогнаа на нашите војници. Благодарност и до сите наши пријатели ширум светот за помош и поддршка за Украина, додаде тој.
– Дадовте дури и повеќе од што можевте и никогаш нема да заборавиме. 24 Август за Украинците е најзначаен празник бидејќи независноста е токму тоа за што се бори денес Украина, порача Урбановиќ.
Украина прогласи независност од СССР на 24 август 1991 година, а нејзината независност е финализирана на 25 декември истата година.
Фото: Ј. Ѓорѓиоски, Џ. Дерала