ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Меѓу потрагата и бегството од правдата… на јавна расправа

Најжешкото прашање за опозицијата, се разбира, се однесува на предметите што ги започна СЈО. Опозиционерите, впрочем, се и најзасегнати со ова прашање и целата битка што ја водат е обид да ги затворат предметите и да ја избегнат одговорноста за нив.

January 28, 2020 19:30
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеници, професори, експерти, претставници на граѓанскиот сектор, министерката за правда, Рената Дескоска, многу медиуми и пријавени говорници и една „герила“ акција на Милошоски, контра мислења и повикување на минати работи, застапување на „лични“ правди во име на граѓанскиот интерес е епилогот од денешната јавна расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“, која ја свика Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Главна тема, разбирливо, беше предлог законот за Јавно обвинителство.

Расправата започна со воведното излагање на министерката за правда, Рената Дескоска. Нејзина главна поента е дека овој закон ќе обезбеди самостојност на обвинителството и владеење на правото. Дескоска говореше и за природата на несогласувањата меѓу власта и опозицијата, но и за важноста овие несогласувања да бидат надминати.

Клучните прашања за кои се говореше на денешната седница, се поврзани со улогата на партиите во избирање на Јавните обвинители, за тоа дали е потребна регулација на конкретни рокови за затворање на некои постапки, како да се регулира важноста на докази како што се прислушуваните материјали, дали треба да постојат финансиски гаранции за целото обвинителство, особено за обвинителството за организиран криминал и корупција, како и поделбата на надлежностите.

Најжешкото прашање за опозицијата, се разбира, се однесува на предметите што ги започна СЈО. Опозиционерите, впрочем, се и најзасегнати со ова прашање и целата битка што ја водат е обид да ги затворат предметите и да ја избегнат одговорноста за нив.

Во недостиг на аргументи, Милошоски од галеријата на која, според обезбедувањето, присуство е дозволено само за новинари, ниту за камермани и фоторепортери, а не пак за пратеници, реши „герилиски“ да го постави прашањето: „Јовески, до кога ќе го криете писмото со кое Катица ви даде незаконска наредба?“, додека Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески беше на говорница, зборувајќи за важноста на самиот Закон, пред сè, во интерес на граѓаните.

„Ги молам службите да реагираат, очигледно се постигна целта“, бараше Кирацоски, „Безобразно е вака да се поентира, не знам колку всушност поентираа колегите од ВМРО-ДПМНЕ“.

Се разбира, тука може да се постави и прашањето за тоа како службите му дозволија на пратеникот да присуствува горе во галеријата? И дали ќе има одговорност за овој скандал?

По очигледниот обид за опструирање на расправата, Јовески си продолжи со излагањето, по што следуваше Гордана Силјановска Давкова и нејзините веќе познати „поентирања“ од времето на претседателската кампања: „Мислам дека еднаш кога ќе го споменете името на државата во заграда да одите со Републиката, нема потреба папагалски да одите со Северна Македонија, тоа е уште болна тема за нас“.

Можеби „мало“ изненадување беше професорот Владо Камбовски кој ја наметна и можноста за одложување на изборите, само Законот за Јавно обвинителство да се донесе.

„Без овој Закон нема иднина и сигурност за оваа држава“ заклучи Камбовски.

Што се однесува до следните говорници, професорот Гордан Калајџиев, Натали Петровска од Блупринт групата, Слаѓана Тасева… горе долу ја решаваа судбината на предметите на СЈО во рамки на Законот, со интересен предлог на Тасева – бирање на обвинителите по моделот на бирање членови на Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси.

Во истиот манир беше и излагањето на Виолета Дума, една од членовите е на ДИК што си дадоа оставка поради бонусите, Јавен обвинител да одлучува за судбината на предметите на СЈО.

Тања Каракамишева се обиде да спори со предлог законот, тврдејќи дека се крши Уставот и други закони, повикувајќи се во повеќе наврати на укажувањата на Силјановска. Не дека не беше јасно и пред тоа, но сега стана јасно дека овие две госпоѓи се авторки на текстот за прес конференцијата на Мицкоски што ја одржа минатата недела.

Еленко Миланов побара и адвокатите да можат да конкурираат за јавни обвинители. Инаку, тој е адвокат на неколку обвинети за случаите од 27 април 2017, кој побара и амнестија за истите.

И за крај, Фатиме Фетаи.

Поучена од искуството Фетаи предложи: „Критериумите и за шефот и за обвинителите на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, треба да бидат построги“.

Воедно во целата приказна, Фетаи ја вклучи и Канцеларијата на ЕУ во Скопје, почнувајќи од моментот на интервјуирање до избор и да имаат право да дадат мислење.

Расправата продолжува утре во исто време и на исто место. Постои само малку надеж дека претставниците на ВМРО-ДПМНЕ конструктивно ќе се вклучат во расправата, а не со недолични „акции“ што не им прилегаат, настрана што е украден концепт од спротивниот табор.

Биљана Јордановска

 

Next Post

Дескоска, недвосмислено и гласно посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го заштити криминалот на своите функционери

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk