ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски и Абазовиќ на македонскиот штанд на „Винска Визија на Отворен Балкан“

September 1, 2022 18:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој беше отворен денеска во Белград, имаше средба со премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ.

Ковачевски, на средбата со Абазовиќ на еден од македонските штандови, рече дека ние сме регион којшто е познат во светот по производство и по извоз на вино и дека Северна Македонија е втора во регионот по извоз и 29 во светот по извоз на квалитетно вино.

Црногорскиот премиер Абазаовиќ, изрази честитики, на како што рече, нашите пријатели од Северна Македонија на преубавиот саем.

– Навистина сте познати по виното и навистина е спектакуларно виното по мој вкус, иако не сум голем експерт. Застапено е на нашиот пазар во Црна Гора, посебно „Тиквеш“, нашиот пријател г. Јаневски, така што се надевам дека ги поставивте стандардите кои другите ќе ги пратат, изјави Абазовиќ.

Во регионот, рече Абазовиќ, има многу добри винарии, многу добри вина, но во секој случај ова е добра прилика да уживаме во добри работи.

– Испраќаме поинаква порака, порака да работиме заедно, да се натпреваруваме во квалитет и воопшто не е спорно дали некој ќе биде подобар, па другар во друг период, но што се однесува на Македонија вашите вина се феноменални и ви честитам, порача црногорскиот премиер.

Ковачевски, претходно на отворањето на саемот заедно со премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ, порача дека тука се вкрстуваат винските патишта на Балканот, со тоа што на едно место се пресретнуваат производителите, откупувачите и дестилариите од регионот.

– Отворен Балкан денеска покажува што значи интеграција, олеснет пристап, практична примена на политика на отворени врати и на добрососедство. Денеска тука ги поврзуваме нашите економии, отвораме нови пазари и пласмани, обезбедуваме простор за размена на нови идеи, технологии и пристапи за работа, изјави премиерот Ковачевски.

Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, се одржува во рамките на Самитот Отворен Балкан во следните четири дена во Белград, под покровителство на Република Србија, Република Северна Македонија и Република Албанија.

На Саемот учествуваат повеќе од 330 изложувачи од 22 земји, а Северна Македонија ќе ја претстави својата традиција, обичаи, карактеристичната кујна, музика и фолклор, како и обележјата и вредностите на сите други заедници кои живеат во земјата.

Под слоганот „Вкуси го животот”, нашата земја ќе се претстави пред сѐ со 42 винарии и три дестилерии кои пред посетителите ќе презентираат повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии.

Next Post

Маричиќ: Со регионална соработка градиме европска перспектива за македонското стопанство

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk