ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Јовановиќ: Растот на платите мора да продолжи-перверзен е податокот дека македонските компании се најпрофитабилни во Европа

Она што ММФ го греши во нивната анализа е дека профитабилноста на компаниите е многу висока. ММФ вели дека не треба премногу да расте минималната плата, односно онолку колку што расте продуктивноста на работниците, но заборава дека во целата приказна има и една друга компонента, а тоа е профитабилноста на фирмите. Македонските фирми се најпрофитабилни во Европа. Профитите на компаниите во оваа држава се повисоки од платите на работниците и тоа е една перверзна ситуација која не им годи на никого освен на мал број на луѓе што ги поседуваат тие фирми. Затоа сметам дека минималната плата и сите останати плати треба да растат се додека не се постигне некоја поправедна дистрибуција во тој поглед- вели Јовановиќ

January 29, 2020 09:46
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Извештајот на ММФ е дека порастост на бруто општествениот производ ќе биде 3,4 проценти што е за 0,2 насто помалку од претпоставените. Има критики за растот на пензиите и за минималните плати, зошто е тоа така, дали заради ригидноста на ММФ кон водење една проактивна макрофинансискаполитика или можноста од дефицит во буџетото и платниот биланс, на оваа тема во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ говори универзитетскиот професор и економски аналитичар, Бранимир Јовановиќ, екс-советник на поранешиот министер за економија Тевдовски.

-Растот на пензиите може да се објасни со она стандардно гледање на ММФ. Знаете дека (ММФ) IMF на шала го нарекуваат It’s Mostly Fiscal и растот на пензиите предизвикува зголемени фискални трошења и продлабочување на фискалниот дефицит и затоа ММФ се противи на тоа. Од таму секогаш бараат некој балансиран дефицит. Мојот став за пензиите и ад хок зглемувањето не беше потребно, бидејќи Владата пред година и пол направи пензиска реформа и формула за зголемување на пензиите секоја година, но во очи на изборите ова од гледна точка на политичката економија е разбирливо- вели Бранимир Јовановиќ.

Што се однесува до минималната плата доаѓа до израз конзервативноста на ММФ. Растот на минималната плата, според Јовановиќ, е најдоброто нешто што го направи оваа Влада. Сега минималната плата изнесува 14.500 денари, а во владината програма за 2020 е наведено 16.000 денари.

-Прашање што секој може да си го постави е дали може да се живее со 14.5000 денари месечно? Она што ММФ го греши во нивната анализа е дека профитабилноста на компаниите е многу висока. ММФ вели дека не треба премногу да расте минималната плата, односно онолку колку што расте продуктивноста на работниците, но заборава дека во целата приказна има и една друга компонента, а тоа е профитабилноста на фирмите. Македонските фирми се најпрофитабилни во Европа. Профитите на компаниите во оваа држава се повисоки од платите на работниците и тоа е една перверзна ситуација која не им годи на никого освен на мал број на луѓе што ги поседуваат тие фирми. Затоа сметам дека минималната плата и сите останати плати треба да растат се додека не се постигне некоја поправедна дистрибуција во тој поглед- вели Јовановиќ.

Ако ги погледнете официјалните податоци, според Јовановиќ, просечната плата во последниве три години е зголемена за скоро 3.000 денари, што значи дека дел од профитите на компаниите е редистрибуиран кај работниците, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, универзитетскиот професор и економски аналитичар, Бранимир Јовановиќ.

Next Post

Пронајдено детето од Куманово кое беше пријавено за исчезнато

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk