ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Референдумското прашање е единствено за задржување на позицијата на Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ и внатрепартиска потреба, истакна Ковачевски

September 6, 2022 15:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неконзистентност и гледање лични, партиски интереси за задржување на функцијата, вака премиереот Димитар Ковачевски денеска одговори во врска со референдумското прашање кое, како што истакна, опозицијата веројатно ќе го достави до Собранието.

Прво, ние сме држава која почна преговори со ЕУ со чист македонски јазик, со заштитен идентитет и тоа е направено врз основа на предлог којшто го добивме од ЕУ, предлог којшто беше изгласан во Собранието и против кој предлог немаше ниту еден глас против. Тоа што опозицијата во моментов го прави, го прави единствено заради свои внатрешни партиски потреби – задржување на позицијата на, веројатно, нивниот претседател. Референдумското прашање тие веројатно ќе го достават до Собранието, истакна Ковачевски по седницата на Советот за безбедност, одговорајќи на новинарски прашања.

Во овој момент, нагласи Ковачевски, какво било спречување на продолжување на процесот на евроинтеграции на државата е правење штета на граѓаните и на македонскиот евроинтегративен пат.

Колку брзо ќе се движиме ние во приклучувањето кон ЕУ сега зависи исклучиво од нас, бидејќи имаме задачи и активности коишто треба ние да ги спроведеме дома кај нас. Тоа се однесува како на спроведувањето на успешен скрининг за што веќе информиравме вчера за воспоставување на преговарачка структура, денес дојде и главниот советник кај мене којшто ќе работи со тимот. Тоа е бившиот хрватски главен преговарач со ЕУ и постојан претставник во ЕУ на Хрватска и се што се прави заради лични, партиски цели е нешто што е против членството на државата во ЕУ, потенцира премиерот.

Тој смета дека и во опозицијата има европски блок на политичари кои го поддржуваат членството на земјава во ЕУ и дека тоа ќе се потврди кога уставните измени заради внесување на делови од други народи во Уставот ќе бидат ставени на усвојување во Парламентот, по сите консултации и по целата процедура.

И уште нешто сакам да додадам, а тоа е дека истата таа опозиција беше против Преспанскиот договор заради тоа што ќе сме го изгубиле идентитетот. Ниту изгубивме идентитет, ниту го спомнуваат Преспанскиот договор. Истата таа опозиција организираше референдум против територијалната поделба во државата и за време на тој референдум кој беше неуспешен зборуваше дека дента кога ќе дојдат на власт ќе ја укинат територијалната поделба. Единаесет години беа на власт не ја укинаа територијалната поделба. Истата таа опозиција не беше во Парламентот да гласа против Договорот со Бугарија. Претседателот на таа опозиција пред камери на бугарски јазик на бугарскиот премиер му кажа дека го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија и сега излегува со референдумско прашање против Договорот со Бугарија за кој пред камери го поддржа. Тоа е една неконзистентност, гледање лични партиски интереси кои немаат никаква поддршка ниту кај граѓаните, ниту кај политичките партии во опозицијата, нагласи премиерот Ковачевски.

Next Post

УНИЦЕФ: Околу 730 сомалиски деца годинава починаа од глад, се заканува катастрофа

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk