ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Што ќе му е државата на Мицкоски, ако тој не е премиер?

Ако се земе предвид историјата на ВМРО-ДПМНЕ, не е тешко да се разбере дека „специјалната референдумска операција“ на Мицкоски е грчевит обид да се сопрат евроинтеграциските процеси, да се внесе хаос во земјата и, по можност, да се сврти земјата кон Исток. Што е приоритет и на руската политика кон Северна Македонија.

September 9, 2022 08:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Што е попрво во главите на оние што ја покренуваат иницијативата „референдумот на Мицко“ – власт или спас? Се разбира, релевантен одговор на ова прашање можат да дадат научниците, а нам ни останува да коментираме, со или без смеење, а секако и да се обидеме да ѝ дадеме малку смисла на оваа нова бесмислица од Белата Палата. Патем, до каде е отплатата на долговите на ВМРО? Имаат црни пари, нека ги вратат долговите. И тоа е патриотизам. Или не?

Премногу „ако“ и „потоа“

Значи, мора прво да се мисли на спас, па после на власт. Спас од сите лакоми за власт во партијата, а потоа власт во државата. Неприкосновена, како што ѝ личи на партијата. Сега, кога партијата официјално е банкрот, а има едно чудо пари по разни чекмеџиња, оф-шор сметки и други, уште поматни места, најдобро е да се биде на тронот на ВМРО-ДПМНЕ. Па уште и во опозиција, милина! Ниту обврски, ниту одговорност, само бескрајно мрчење и гракање.

Со референдумот има шанси да се спаси фотелјата на Мицкоски, а со тоа и позициите на неговите најблиски и најлојални (така само тој си мисли). Потоа, се надева дека референдумот, иако однапред осуден на неуспех, ќе мобилизира доволно луѓе за да може да бара предвремени избори, на кои се надева (само се надева) дека ќе успее да победи. А потоа – да формира парламентарно мнозинство со кое ќе формира влада, а тој ќе биде премиер… Ако… Потоа… Му кажал ли некој на Мицкоски дека во неговиот план има премногу „ако“ и „потоа“?

Уште еден лош план за доаѓање на власт

Иницијативата за референдумот на Мицкоски е само уште еден прилично лошо осмислен план за доаѓање на власт. Впрочем, неговото политичко дејствување не се разликува од карактерот на партијата.

Тој и неговата партија јуришаат на власта со сите средства и во секоја прилика, дури и по цена на директно загрозување на стабилноста, безбедноста и националните стратешки определби.

Така и сега. Без чувство за состојбите, во време на големи глобални кризи и војна, Мицкоски се занимава со Договор за добрососедство од 2018 година. И повторно поделби, тензии, трошоци и што уште не, во месеци за кои светски експерти и политичари прогнозираат дека ќе бидат најтешки од Втората светска војна наваму.

Мотивите на Мицкоски: Апетити и страв

Кои се мотивите на Мицкоски? На ова прашање одговорив и на првата панел дискусија што се одржа во земјава на оваа тема („Со референдумот или на него“) истиот ден (7 септември) кога Мицкоски ја поднесе иницијативата во Државната изборна комисија.

Мотивите за иницијативата за референдум се чисто политички, ограничени во атарот на интересите на политичката партија, односно интересите на оние што се на врвот на моќта во таа политичка парија, ВМРО-ДПМНЕ. Власт. И ништо друго.

Во суштина, се работи за две работи, апетити и страв. Апетитите се поврзани со опседнатоста да се дојде до власт по секоја цена. Но тука е и реалниот страв на Мицкоски – да не ја изгуби позицијата што сега ја има, шеф на ВМРО-ДПМНЕ. Веќе ништо не може да ги скрие политичките неуспеси и внатрепартиските превирања.

Мицкоски не може да се ослободи од имиџот на губитник

Голем број порази се намножија за помалку од пет години во политичкото портфолио на Мицкоски. Не му беше доволно што неговата партија освои најголем дел од општините на Локалните избори 2021, кој аналитичарите го оценија како пораз на СДСМ, но не и победа на ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај сите напори, Мицкоски не успеа да го поправи неговиот имиџ на губитник.

Особено поради неславниот политички пораз што веднаш по изборите го доживеа со обидот за преземање на власта со формирање мнозинство во парламентот. Тоа ја зајакна перцепцијата за него како губитник, а истовремено ненаситен и опседнат со идејата да биде премиер.

Лични амбиции, неугаслива жед за внимание и – најмногу од сѐ – опседнатост со идејата да се биде на власт.

Тоа се вистинските мотиви што стојат зад иницијативата за референдум. Или – „планот Б“ што го најавија заедно Мицкоски и Апасиев. Тие претрпеа срамен пораз со насилните антиевропски протести во јули, на кои демонстрантите, поттикнати од нив двајца, повикуваа на геноцид на Албанците (на тема Бугарија!), фрлаа молотови коктели на полицијата (повредени 54 полицајци) и за 2-3 дена се сведоа на грст пијаници на тревникот пред парламентот.

Така, повторно останаа зинати крај патот, додека нивната земја доби уште една голема битка на патот кон прогресот и просперитетот – по 17 години чекање, почнаа и преговорите за членство во ЕУ.

А каде се „левото“ лидерче и антиевропските НВО/медиумски кокони и контиња?

Каде е радикалната десничарска „Левица“? Нели нивното лидерче твиташе, меѓу две пцовки и закани со убиства, дека имаат „план Б“? Откако им пропадна планот, и тој и Мицкоски зборуваа за референдум. Сега никаде го нема ултрадесничарот, шеф на Левица…

Веројатно сѐ уште си ги лиже политичките рани од јулскиот „молотов“ дебакл. Но „прецизниот“ Мицкоски го претрка со иницијативата и го стартуваше „планот Б“ без него.

Молчат и „славните“ НВО/медиумски кокони и контиња што побрзаа рамо до рамо со хулиганите да го осудат европскиот предлог и со европски пари удрија по европскиот пат и мултикултурата во земјава.

Изгледа беа малку попаметни овој пат. Видоа дека „планот Б“ на Мицкоски веќе пропадна. Можеби коваат „план Це“…

Грчевит обид да се сопрат евроинтеграциските процеси

Партијата на Мицкоски (или Груевски, ако сакате) цели три децении води деструктивни политики и го разградува општественото ткиво на земјата. Го поларизира општеството, внесува страв и тензии.

Тоа е партијата што стои зад низа монструозни проекти и не еднаш предизвика тешки безбедносни закани за земјата. ВМРО-ДПМНЕ не учествува во ниту една одлука што ѝ носи добробит на земјата. Односно, може да се каже дека учествува, но постојано на спротивната страна од процесите, ги кочи и блокира, а секогаш кога за тоа има можност, и ги уништува.

Ако се земе предвид историјата на ВМРО-ДПМНЕ, не е тешко да се разбере дека „специјалната референдумска операција“ на Мицкоски е грчевит обид да се сопрат евроинтеграциските процеси, да се внесе хаос во земјата и, по можност, да се сврти земјата кон Исток. Што е приоритет и на руската политика кон Северна Македонија.

Злоупотреба и манипулации со емоциите

Повеќе од очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ се искусни во злоупотреба и манипулации со емоциите на луѓето. Стравот е главното погонско гориво на нивната пропаганда. Како пропагандна алатка, стравот е во основата и на оваа иницијатива што ја промовира Мицкоски, од позиција на прв човек на партијата – страв од губење на националниот идентитет. Со стравот што го предизвикува, ВМРО-ДПМНЕ и порано и сега, ја покрива сета бесмисленост на своите политики. Мицкоски е одличен пример за тоа. Колку поголема е бесмислицата, толку повеќе гнев, јад, чемер и мрак има во неговите изјави и постапки.

На Мицкоски не му се важни интересите на државата. За него граѓан(к)ите се бројка што треба да му обезбеди премиерска функција и ништо повеќе. Ако треба, нека пропадне државата, луѓето нека јадат леб и вода, важно е тој да ги задоволи своите апетити и амбиции. Тоа е логиката:

Што ќе му е државата на Мицкоски, ако тој не е премиер? По ѓаволите со таква држава во која тој, најумен, најубав и најпрецизен од сите не успева да стане премиер!

*

ПОСТ СКРИПТУМ Којзнае колку му е тежок животот на Мицкоски… Сигурно не е лесно човек толку интензивно да се замислува себеси како седи на премиерското столче во Владата. Можеби прави и фотомонтажи на својот телефон и ги гледа пред заспивање. Затоа, имам еден итен предлог до премиерот Ковачевски: Да му обезбеди термин во кој ќе го пушти човеков да седне таму, колку селфи да си направи (подолго од тоа би било штетно за државата), да му се смири душичката.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

СДСМ ги повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Законот за Кочани: Да покажеме човечност и грижа

May 11, 2025

Зеленски: Добар знак е што Русите конечно почнале да размислуваат за прекин на војната, но првиот чекор е прекин на огнот од 12 мај

May 11, 2025
Фото: ЕПА / МИА

Макрон за предлогот на Путин: На ​​безусловен прекин на огнот не му претходат преговори

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk