Ликот на Мицкоски се појави на билборди на неколку локации низ главниот град, на кои пишува:
ПАРИ, ТЕНДЕРИ И БИЗНИС ИНТЕРЕСИ НА МИЦКОСКИ И ВМРО-ДПМНЕ. ЗАТОА ЛИ СЕ КАВГИТЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ?
136.000.000 ЕВРА
КОЈ Е ШПИЦНИОТ КАНДИДАТ?
Билбордите се појавуваат во денови кога трае беспоштедна вербална битка меѓу градоначалничката Данела Арсовска и нејзините довчерашни промотори и поддржувачи, ВМРО-ДПМНЕ. Конфликтот изби по откритијата за серија скандали, меѓу кои едниот е поврзан со тендер вреден 136 милиони евра.