ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Две крила во ВМРО-ДПМНЕ промакедонско за ЕУ и ванчовистичко против !?

September 19, 2022 11:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мицевски против Мицкоски: „Не е проблем да има Бугари во Уставот“.

Се обистинува најавата на новинарот Бранко Героски дека има расположение во дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се прифати Бугарите да бидат во Уставот. „Зошто па да не? Ако се сите други во Уставот, да бидат и Бугарите?“, ги сподели во август Героски размислувањата на челниците од ВМРО-ДПМНЕ со кои имал наводно бил во контакт, пишува 24 Инфо.

Еден месец подоцна, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека не биле против внесувањето на Бугарите во Уставот:

„Апсолутно не сме против внесувањето на Бугарите во Уставот… Апсолутно не сме против Бугарите и не само против Бугарите, туку и другите за внесување во Уставот“ – кажа координаторот на пратеничката група Мицевски во интервјуто за Радио Слободна Европа. Неговата клучна порака беше содржана во бројните наслови во медиумите „Мицевски: Не сме против внесувањето на Бугарите во Уставот“. Иако Мицевски подоцна се жалеше дека бил истргнат од контекст, недвосмисленa беше неговата порака дека „Не е проблем да има Бугари во Уставот“.

Е, сега, ако „Не е проблем да има Бугари во Уставот“, зошто тогаш Христијан Мицкоски обвинуваше за предавство и мавташе со пратенички потписи заверени на нотар, давајќи „гаранции“ дека нема да има промена на Уставот по никоја цена?

Крилото во ВМРО-ДПМНЕ што прифаќа уставни измени е промакедонско и проевропско
Иако насловот на Инфомакс е некоректен – ВМРО-ДПМНЕ прифати промена на УСТАВ и влез на Бугарите! – времето ќе покаже и дали е визионерски! Повеќе од јасно е дека во ВМРО-ДПМНЕ има крило кое е подготвено да прифати промена на Устав и внесување на Бугарите заедно со други делови од народи (Црногорците, Хрватите, Торбешите, Евреите…). И тоа крило воопшто не е пробугарско, туку промакедонско и проевропско крило, кое има многу цврсти аргументи.

Прво, и на многу стари членови на ВМРО-ДПМНЕ им се јасни критиките што беа упатени во Бугарија, по барањето да влезат Бугарите во македонскиот устав. По влегувањето на Бугарите во Уставот, со празни раце ќе останат сите големобугарски националисти кои тврдеа дека „Македонците се Бугари“ и носеа транспаренти „Македонија е Бугарија“. И во Уставот јасно како бел ден ќе биде дека Македонците и Бугарите се различни народи, а не „еден и с’шт народ“ како што пропагираат големобугарските националисти.

Второ, и на многу членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се упатени во историјата на ВМРО, им е бесмислено да негираат дека основачите на ВМРО пишувале на бугарски јазик, дека повеќето од нив биле бугарски учители, и дека се изјаснувале не само како Македонци, туку и како македонски Бугари. Бездруго, секој ВМРО-вец што го посетил „Музејот на ВМРО“ можел да се увери во тоа, а и со свои очи да ги погледне восочните фигури на Тодор Александров, Иван Михајлов и бугарскиот Цар Борис, за кои ВМРО-ДПМНЕ потроши десетици илјади евра.

Трето, на многу видни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е бесмислено да водат политика против „бугаризација“, кога самите имаат бугарски документи, а и во минатото давале изјави дека сонуваат за денот кога заеднички ќе ги слават со Бугарија одредени историски личности (на пример, Антонио Милошоски, на чествување во Бугарија за Тодор Александров). Посебна приказна е тоа што многу истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и Мицкоски, се имаат лично фотографирано со основачите на здруженијата „Тодор Александров“, Културен клуб Иван Михајлов, и „Цар Борис“.
Воопшто не треба да се занемари ни тоа што основачот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски јавно им порача дека внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав „не само што не е проблем, туку е и голем исчекор за Македонија“.

Крилото што не прифаќа уставни измени е ванчовистичко и проруско

Прашање на време е кога латентниот судир помеѓу двете крила во ВМРО-ДПМНЕ ќе пробие на површина. Од една страна е промакедонското крило кое сака да направи уставна дистинкција помеѓу Македонците и Бугарите како два различни народа, во две различни држави обединети во ЕУ. Од друга страна е „ванчовистичкото“ и проруско крило кое воопшто не сака да прави уставна дистинкција помеѓу Македонците и Бугарите – исто како што сега путиновата пропаганда на прави разлика помеѓу Русите и Украинците.

На промакедонското крило во ВМРО-ДПМНЕ му е преку глава од лажниот антибугарски патриотизам на Мицкоски и битката против „бугаризацијата“ која ги оддалечува сите ВМРО-вци упатени во делата на дејците на историското ВМРО.
На проевропското крило во ВМРО-ДПМНЕ му е преку глава од антиевропските говори на Мицкоски, кој ги оддалечува сите прозападни членови на ВМРО-ДПМНЕ, и ги раскинува врските на партијата со европските сестрински партии.

И коалицирањето на Мицкоски со проруски политичари како Апасиев и Стоиљковиќ ја доведува под прашање проевропската и прозападна ориентација на ВМРО-ДПМНЕ, која ја декларира како членка на Европската народна партија.

Накусо, Мицкоски е во ќорсокак. Неговите медиумски советници, го убедуваат дека ако се согласи да почне постапката за промена на Уставот и тој учествува во неа, а можеби и гласа за внесување на Бугарите во преамбулата, ќе мора да си ги собере парталите и да си замине и од ВМРО-ДПМНЕ и од политиката.
Но, ако ВМРО-ДПМНЕ не гласа за внесување на Бугарите во преамбулата, иако велат дека не биле против внесувањето на Бугарите во Уставот, тогаш Мицкоски ќе стане главната пречка за ЕУ. А ВМРО-ДПМНЕ ќе ризикуваат голем одлив на членовите: не само на членовите со бугарски документи, туку и на членовите кои се промакедонски, прозападно и проевропски ориентирани – кои гледаат во ЕУ остварување на историскиот сон за обединување на Македонците во една политичка целина.

Ако Мицкоски стане пречка за историскиот сон за обединување на Македонците во една политичка целина (како што стана пречка и бугарското ВМРО), тогаш нема потреба сам да си ги собере парталите и да си замине и од ВМРО-ДПМНЕ и од политиката. Народот ќе го изгони од собранието на избори, како што во Бугарија го изгонија лажниот патриот Каракачанов, кој се обидуваше политички да профитира со антимакедонска кампања.

Извор: 24 Инфо.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 12, 2025

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk