ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Денеска почнува генералната дебата на Генералното Собрание на ОН

September 20, 2022 10:18
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Светските лидери од денеска ќе се обраќаат на Генералната дебата на 77-та сесија на Генералното собрание на ОН во време кога светот е зафатен од климатски катастрофи, несигурност со храна и војни, а и самите ОН минуваат низ длабоки поделби, пренесува МИА.

Во текот на една недела, околу 150 шефови на влади и држави од целиот свет треба да се обратат на големиот годишен дипломатски собир, кој се одржува во живо по две години работа од далечина поради Ковид-19.

Традиционално, на првиот ден од дебатата прв говори претставникот на Бразил, а потоа американскиот претседател, шефот на државата каде што е седиштето на ОН. Меѓутоа, по исклучок оваа година, како што се случуваше во многу ретки случаи во минатото, американскиот претседател Џозеф Бајден, кој вчера присуствуваше на погребот на британската кралица Елизабета Втора, го премести обраќањето за утре. Неговото место ќе го заземе претседателот на Сенегал Маки Сал.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ќе се обрати на отворањето на 77-то Генерално собрание, а неговиот портпарол Стефан Дијарик рече дека шефот на ОН ќе зборува за свет во кој геополитичките поделби „доведуваат се во опасност“.

– Се собираме во момент на голема опасност за светот, рече вчера Гутереш, наведувајќи ги конфликтите и климатските катастрофи, поделбите, сиромаштијата, нееднаквоста и дискриминацијата.

Се очекува климатската криза да има важно место во обраќањето на Гутереш. Еден од приоритетите на Гутереш е борбата за намалување на емисиите на стакленички гасови, а особено емисиите од производителите на фосилни горива.

Опасностите од руската инвазија на Украина ќе бидат во центарот на оваа дипломатска недела на високо ниво, а украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе зборува преку видео врска. За вакво обраќање беше потребна посебна дозвола од земјите-членки, бидејќи според прописите, сите лидери мора да се обратат во живо.

Земјите од југот се повеќе се плашат дека Западот го концентрира своето внимание на Украина. Тие сакаат светот да се концентрира и да се обиде да стави крај на конфликтите во Тиграј, во Сирија и на други места во светот.

Во обид да одговорат на загриженоста на некои земји, Американците и Европејците денеска организираат средба на високо ниво за безбедноста на храната, која е доведена во прашање како резултат на војната во Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој денеска ќе говори на генералната дебата, ќе инсистира на потребата да се спречи поделбата меѓу земјите од северот и југот, соопшти Елисејската палата. Макрон ќе организира и тематска вечера со уште неколку лидери.

Покрај бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска ќе говорат и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јапонскиот премиер Фумио Кишида и германскиот канцелар Олаф Шолц.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси, исто така, оваа недела е во Њујорк на неговото прво Генерално собрание и нуклеарното прашање би можело повторно да биде тема на разговор.

Рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Си Џинпинг не учествуваат на генералното собрание на ОН.

Next Post
Matt Davies

Црвениот плоштад

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk