ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европратеници бараат „заштитен ѕид“ кој ќе ја спречи Мелони да формира влада во Италија

October 5, 2022 09:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Џорџа Мелони. Фото: Bloomberg.com

Џорџа Мелони. Фото: Bloomberg.com

Share on FacebookShare on Twitter

Германските европратеници го зголемува притисокот врз Берлускони и неговата Форца Италија кои се дел од ЕНП со експлицитно барање да не ја подржи Џорџа Мелони и нејзините Браќа на Италија. Прв на удар е Манфред Вебер, лидерот на десноцентристичката Европска народна партија во Европскиот парламент, кој се соочува со притисок од колегите германски европратеници да го исфрли Силвио Берлускони од групата ако ја поддржи шефицата на Браќата на Италија, Џорџа Мелони во нејзините обиди да формира владејачко мнозинство по изборите во Италија на кои таа освои најмногу гласови.

„Не е доцна да се спречи екстремно десничарската влада на Џорџа Мелони во Италија“, се вели во отвореното писмо на германските европратеници Даниел Фројнд од Зелените, Катарина Барли од Социјалистите и Демократите и Мориц Кернер од Обновена Европа. Претходно и пратеници од германската десничарска, демохристијанска партија ЦДУ исто така истапија со отворено критики кон Вебер поради неговата поддршка кон Берлускони дадена за време на изборната кампања во Италија.

Во писмото на европратениците упатено до лидерот на ЕНМ, Макс Вебер се вели дека  демократите во европските политички семејства  имаат одговорност да ја спречат екстремната десница да влезе во владата на една од земјите членки, основачи на ЕУ каква што е Италија.

Воспоставувањето на „заштитен ѕид“ против екстремната десница се користеше во повоена Европа, а особено во Германија, од партиите кои се декларираа  дека се обидуваат да ја заштитат демократијата од оние кои би можеле да ја уништат однатре.

„Оние кои се сојузници со екстремната десница и ѝ помагаат да добие моќ не се и наши сојузници” се вели во ова писмо потпишано од тројцата германски европратенци.

Преземете одговорност-  фундаменталните вредности на ЕУ на кои се потпираат мирот и демократијата на континентот не треба да се жртвуваат само за да се добие моќ, се вели понатаму во писмото адресирано до претседателот на ЕНП, Макс Вебер.

„Затоа бараме од вас, како претседател на Европската народна партија, да им соопштите на вашите членови во Италија дека во ЕНП нема место за оние кои подржуваат екстремно десничарска влада во Италија. Доколку Форца Италија сепак се согласи да формира влада и да ја избере Џорџа Мелони за премиер, таа не смее да има иднина во проевропското партиско семејство на Европската народна партија, се вели во ова писмо. Инаку Силвио Берлускони, поранешен премиер на Италија и претседател ан Форца Италија е европратеник и член на најголемата пратеничка група во ЕП.

Борјан Јовановски / НоваТВ

Next Post

(ВИДЕО) Колозова: Двата договора за добрососедство мора да се почитуваат, не треба да се каже НЕ на ЕУ

НАЈНОВО

Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите

October 28, 2025

НИС нема одговор зошто се блокирани милион барели казахстанска нафта за Србија

October 28, 2025
ВИ

По земјотресот во Турција со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk