ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кузеска: Една година локална власт на ДПМНЕ, шпицниот градоначалник Мицкоски ги партизира општините за тендери и раце во медот

October 8, 2022 17:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Освен рацете во медот и кавги за тендери граѓаните не видоа ништо од работата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во изминатата една година, изјави на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа истакна дека „ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во над 50 општини и по цела една година заклучокот е дека нема нови проекти за граѓаните, нема напредок на општините, има само шпицен градоначалник околу чии интереси се врти буквално се“.

Видовме дека наместо пред граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ даваат отчет пред својот партиски шеф Христијан Мицкоски. Токму Мицкоски е тој кој оди на сечење ленти на некои игралишта, тој врши некакви увиди, пред него градоначалниците реферираат, дури Мицкоски и дава изјави во нивно име. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ пак немаат никаков срам, одговараат пред Мицкоски понизно. Граѓаните не им се важни воопшто, додаде Кузеска.

Според неа, „на партиски настани, се даваат партиски отчети, наместо на општински настани да се даде отчет пред граѓаните. Исто како во времето на Никола Груевски“.

Дури видовме дека и лично Мицкоски е тој кој во име на градоначалници преговара за набавка на автобуси, се меша во тендерите. Со тоа, Мицкоски ја потврди улогата на шпицен градоначалник на секоја општина каде ВМРО-ДПМНЕ е локална власт. За тоа изби и кавгата, за тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица во Скопје, нагласи портпаролката на СДСМ.

Кузеска истакна дека „градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ удрија по џебот на граѓаните, поскапувајќи ги услугите на јавните претпријатија под надлежност на општините. Истите тие претпријатија за кои се тепаат за тендери, кои ги преполнија со партиски кадри од ВМРО-ДПМНЕ, за потоа градоначалниците да бараат пари од Владата“.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека се уште е истата нереформирана партија која ги има поклопено општините, ги има партизирано локалните самоуправи и одработува за интересот на Мицкоски. Партија на која не и се битни граѓаните, туку само личното богатење на одредена група луѓе. Една година општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ стагнираат, а за тоа вината е кај шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски“, додаде портпаролката на прес-конференција.

Next Post
energy.gov

Поради ново гранатирање, електраната Запорижја остана без струја

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk