ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Колева: 350 милиони евра помош за граѓаните, 6.000 денари за четири месеци за 92.000 пензионери

October 10, 2022 13:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски изготви пакет за помош на граѓаните и компаниите во вредност од 350 милиони евра. Во време на најголема светска економска и енергетска криза, пред најнеизвесната зима во Европа, никој нема да биде оставен сам. Поддршка ќе има за секого, а пред се за најранливите категории граѓани, за оние на кои помошта им е најпотребна, истакна на денешната прес-конференција пратеничката од СДСМ Даниела Колева.

Таа нагласи согласно пакетот, во следните четири месеци 3.000 денари месечно ќе добиваат 42.000 граѓани од ранливите категории. За оваа мерка од Буџетот одвоени се осум милиони евра.

„Помош од 3.000 денари месечно ќе има и за невработените лица корисници на паричен надоместок и за самохраните родители приматели на гарантирана минимална помош.

Помош од 6.000 денари за четири месеци ќе добијат 92.000 пензионери со пензии до 11.525 денари, додека помош од 3.000 денари исто за четири месеци ќе добијат и над 66.000 пензионери кои земаат пензија од 11.526 до 14.000 денари.

Овие мерки опфаќаат речиси 200.000 наши сограѓани од ранливите категории граѓани, кои се со ниски примања.

Во време на енергетска криза останува на сила мерката за субвенционирање на сметките за струја до 80% за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи.

Со новите мерки за поддршка за снабдување со струја  365 основни и 109 средни училишта ќе бидат на регулираниот пазар на електрична енергија за помали сметки во зимскиот период и непречено одвивање на наставата.

Во новиот пакет мерки не се заборавени ниту компаниите.

За стопанството се проширува поддршката на компании кои се корисници на кредитно – гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, тука е и нова кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва, како и зголемен поврат на ДДВ со скратен рок од помалку од 30 дена.

Истовремено се работи и на дополнителни мерки за поддршка на компаниите кои произведуваат основни продукти, како леб и масло за јадење, а нивното спроведување треба да започне на први декември.

СДСМ низ целиот кризен период од почетокот на годината па до сега, презема ефикасни и навремени мерки за поддршка на граѓаните и стопанството.

Во првата половина од годинава беше реализиран пакет од 26 мерки вреден 400 милиони евра, со што за оваа година вкупната вредност на мерките за помош и поддршка на граѓаните и компаниите изнесува околу 750 милиони евра.

Тоа е одговорен, домаќински пристап во време на најголема светска економска и енергетска криза.

Како одговорна партија, продолжуваме со вистинска грижа за граѓаните, за стопанството“, рече Колева.

Next Post

Скринингот продолжи со Поглавјето 1 – Слободно движење на стоки

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk