ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Каде е тацната на која се предадени идеалите!?

October 16, 2022 10:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Продолжува потрагата по знаци кои на идиотите ќе им покажат дека власта ја размакедончува Македонија.

Пред некој ден открија богато наоѓалиште во песната “А бре Македонче”.

Ене ја, Тамара уште виси на крстот.

Се сеќавате како ја беше осквернавила химната.

Заев за Преспа.

И за Бугарите, нормално.

Ковачевски за протоколот и рамката.

Имаат ментални детектори со кои ја прегледуваат земјата, мислите на луѓето, нивните писмени и усмени обраќања.

Комплетната општествена комуникација поминува низ нивните трагачи кои одвреме-навреме, во последно време сѐ почесто, зујат и трепкаат, сигнализирајки дека има нешто предавничко во нечија глава.

Во Австралија така бараат злато.

Кучињата на граничните премини откриваат дрога.

На полиграфите се фаќаат лажачите.

Само Македонците ги ловат обидите на предавниците.

Не толку предавниците, колку делата со кои би можеле да бидат обесени во нивната галерија на антимакедонските предавства.

Добро, не сме саде ние, Србите се светски шампиони во тоа, Хрватите исто така не се лоши, но македонската потрага по глупоста е убедливо најглупава.

Офелијо, дај ми марамче!

И апче!

И револверот дај ми го, во втората фиока на шифоњерот е.

Да, и „Џекот“ донеси ми го, со чашата што ја украдов од Хилтон хотелот на „О Харе“ аеродромот во Чикаго.

Панде, на пример, Колемишевски ни открива дека во насловот на празникот го нема името на народот кој на 11 Октомври кренал востание.

Кој знае колку земја преорал додека дошол до тоа грутче злато.

Кое во неговото око и во очите на каубоите во салунот, расте и станува како кровот на Александар Невски во Софија.

Па како тоа, богати јебем?

Ко би то могао бити?

Тај атентатор македонског народа.

У имену празника као први корак ка ликвидацији и из историје и из живота?

Ако нема друг, спремен сум сам да се пријавам како извршител на оваа грозно злодело.

Виновникот мора да се открие и да се казни.

А Панде да го прогласиме за Сер.

Ко британски витез.

Или да формираме некое истражно поверенство кое ќе каже кого треба да каменуваме.

Хахаха!

Макар што некој прво треба да одговори на прашањето кој му го тури народот на востанието, односно востанието на народот.

Јас мислам дека народот никогаш не кренал ништо.

Не само македонскиот.

Поединци креваат.

Секири за сечење на дрва, женски нозе, кофи со малтер, курци…

И други работи: цени, плати, рејтинзи…

Организирани групи.

Идејно и идеолошки опремени.

Морално устроени.

Со партиски или други структури кои ги обединуваат, насочуваат и раководат.

Народот е благ кокаин кога нешто се крева или кога нешто (востанието) расте.

Потоа станува мобилизациски контингент.

Или контингент на опортунисти кои победата ја мирисаат како ајкули крв.

Дури на крајот, таа апстракција, која по дефиниција не е способна за ништо, доаѓа како гоблен на ѕидот во големата сала на победата.

Еве, земете ги најновите искуства и ќе ви биде јасно за што зборувам: и по осумдесет години слобода, тоа што го викаме македонски народ, не само што не е спремен да се крене на благо востание за ослободување од балканските срања, без пушки, походи и смртови, само со добра ориентација во просторот и во времето, туку им се препушта на тие што се трудат да го остават во калта, на тие кои му сугерираат да мисли дека му е подобро во оваа срање. Дури и онаа пред 41-ва му го прикажуваат како пожелна алтернатива.

Сѐ му се прикажува подобро од „ова држава што не ја бива“.

Знае ли македонскиот народ што сака?

Никој не се прашува кој се обидува да го избрише од сегашноста, кој го разделува од добитното ливче на европската лотарија, кој го оглупавува држејќи го под секојдневната тортура на комплетниот медиумски простор, кој го ебе лажејќи го дека во шупакот му влегува златна жичка, кој сака да го идиотизира, да го бугаризира, бранејќи го од бугарите, кој го прогласува помрен, кој одбива да му ја собере мршата?

Не, тоа е не!

Не ниту нешто позитивно, макар малку позитивничко, знакче дека сме живи и претаме, стабилност, пензии, плати, курсеви, инвестиции, идентитетски стабилизации и пробиви, политички афирмации, интеграции, комуникации на највисок ниво, нато, Европа, помошти, пари, милиони, мерки, решенија за кризата, фабрики…

Во сите вести прва вест е една од трите мисли на Мицко, нема други важности, можностите за Трета светска војна и нуклеарен напад идат по ставот на Мицко дека сѐ може да се реши со предвремени избори час поскоро…

Но, кој го избришал македонскиот народ од насловот на востанието, тоа откритие има картерско значење, како окритието на гробницата на Тутанкамон…

Панде дозволува дека македонскиот народ можел да го заебе и некој друг, демек не задолжително власта, посебно сдсм, но интонацијата сепак го струполува целиот сомнеж кон наследниците на тие што востанието го кренаа и во крајниот резултат ја создадоа и државата и нацијата. Кон наследниците на тие што го кренале македонскиот народ. Демек тие го размакедончуваат фамилијарното наследство, а оние против кои востанието е кренато, против кои државата е направена и флотантната маса народ е конституирана во нација, сега се адреси на кои нацијата треба да се обрати за да се спаси од своите создатели, заедно со бившите надворешни окупатори и актуелните сегашни окупатори на јавниот простор и на македонскиот идентитет.

Хахаха!

Чувствувам како самиот се заплеткувам и затоа морам да кажам:

Македонскиот народ е јаже во кое се заплеткани нозете и главите на луѓето.

Нивниот ум.

И дух.

Македонскиот народ не им дава да мрднат.

Да си го уредат животот.

Да бидат нормални.

И модерни.

Тоа е македонскиот народ.

Легло на идиоти.

Инкубатор на кретени.

На спасители.

Црна дупка која ја вшмукува сета енергија, сето внимание, сиот живот.

Апстракција на која два милиони луѓе ги жртвуваат своите животи.

Го немало во насловот на празникот.

Ќе умрам.

Како тема мораме да го избришеме не само од името на востанието, туку од сѐ.

 

П.С.

Бидејќи Колемишевски тврди дека „Заев и партијата (сдсм) бесрамно, на тацна, ги предадоа во бугарски раце идеалите на генерации и придобивките на македонскиот народ, извојувани низ крв и борба“, јас прашувам: Каде е тацната!?


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Две училишта уништени од руски ракети во областа Запорижја

Најново

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

Санчез за заканите од Пентагон: Шпанија останува во НАТО, подршка од Италија и Германија

April 25, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

Нападите од Трамп и Русија ја обединија Италија зад Џорџа Мелони

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk