ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Про-Кремљ стаорците го напуштаат бродот што тоне

October 17, 2022 14:04
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Москва, Русија. Фото:: Andrey Rudakov/Bloomberg

Москва, Русија. Фото:: Andrey Rudakov/Bloomberg

Share on FacebookShare on Twitter

Руските агенции за спроведување на законот почнаа да ги проверуваат про – Кремљ телеграм каналите  кои објавуваат за војната на Русија во Украина за „дискредитирање“ на руската армија, ширење лажни вести и други забранети содржини, пренесува Медуза повикувајќи се на изданието Mash.

Според изданието, листата на медиумите кои се предмет на официјална проверка ги вклучува: Телеграм каналот на Игор Стрелков – поранешен министер за одбрана на анектираната ДНР, Семјон Пегов, новинар и креатор на проектот WarGonzo; Сергеј Мардан, радио водител на Комсомолскаја Правда, блогерите Јуриј Подољак, Владлен Татарски, Игор Дмитриев и Кристина Потупчик, и анонимните Телеграм канали GreyZone и Rybar, доскорешни поддржувачи на политиките на Путин,вклучително и војната во Украина.

Валери Герасимов, началник на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација, лично побарал Роскомнадзор да ја следи содржината на овие канали на Телеграм. Канцеларијата на јавниот обвинител се приклучила на напорите, претставена од директорот на одделот кој ја надгледува федералната безбедност, меѓуетничките односи и борбата против екстремизмот и тероризмот.

„Причината се нивните критиките кон Министерството за одбрана и неговите одлуки за време на специјалната воена операција“, пренесува Медуза.

Утрото на 14 октомври, Телеграм каналот WarGonzo цитираше извори за известувањето за спроведување на законо меѓу кои и „список испратен одозгора на канали и новинари кои наводно ја дискредитираат специјалната воена операција и Министерството за одбрана“. Наводно на листата е и самиот WarGonzo.

Маргарита Симонјан, главен уредник на RT, еден од главните путинови пропагандисти, подоцна напиша:

„Во врска со објавите на воените блогери – мои пријатели, колеги и патриоти – за некои тврдења против нив од врвот, морам да забележам дека властите немаа прашања за нив во донесување на нивните одлуки“.

Телеграм каналите кои објавуваат информации за војната од неодамна објавуваат чести критики за руското Министерство за одбрана. Особено, повлекувањето на руската армија од Харков во септември наиде на широки критики.

Кабинетот на рускиот претседател редовно испраќа детални писмени инструкции до медиумите под државна контрола, кажувајќи им како точно да ги покриваат дневните настани во земјата. Но, при крајот на изминатите шест месеци од руската инвазија на Украина, пропагандните напори на Кремљ се сè повеќе критикувани од луѓе кои, наводно, донесуваат свои заклучоци од тие белешки – самите пропагандисти.

Еден од изворите на Медуза, кој е во медиумите под контрола на Кремљ, вели дека од почетокот на војната Кремљ не измислил ништо ново во однос на пропагандата и стратешката комуникација. Во обидот да се осврнат на војната, тие се потпираат на истите методи што некогаш ги користеа за објавување на вести за изборите и другите домашни настани.

„Навистина им е тешко“, рече изворот за воената пропаганда на Кремљ. „Не можеме да се спротивставиме на украинските медиуми. Не ги прикривате обезличените трупови на руски војници со тоа што „кажувате нешто позитивно“.

Извор: ЦивилМедиа

Next Post
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

Ако антифашизмот важи за здруженија, треба да важи и за партии - ВМРО-ДПМНЕ молчи по предлогот на СДСМ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk