ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Преку процесот на преговори до повеќе европски програми и нови можности за младите

October 18, 2022 13:54
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг за Поглавјето 26 „Образование и култура“ во своето воведно излагање рече дека Владата ја препознава важноста на образованието, обуката и програмите за млади, како клучни носители на развојните политики кои придонесуваат за економски раст и отворање нови работни места.

Младите заслужуваат европска иднина и можности како нивните врсници во Европската Унија, а наша обврска е тоа да им го овозможиме. Направивме важни реформски процеси и прододолжуваме да напредуваме понатаму, рече вицепремиерот Маричиќ пред претставниците на Европската комисија.

Како што соопшти СЕП, Маричиќ се осврна на реформите и на тековните активности и проекти на кои се работи во областа на образованието и културата, потенцирајќи ја реформата во стручното образование, чија цел е подговтовка на младите да одговорат на барањата на пазарот на трудот.

Тука спаѓа и формирањето на Регионални центри за стручно образование и наука. Во рамки на постојаните напори за подобрување на квалитетот на образованието, согласно Стратегијата за образование на возрасни 2019-2023 година, еден од најважните приоритети е воспоставување систем за признавање на неформалното учење, кој ќе им овозможи на лицата да се стекнат со квалификација и имаат поголема вклученост на пазарот на трудот, рече Маричиќ.

Во однос на младинските политики, тој истакна дека властите продолжуваат да формираат Младински центри во секоја општина за поддршка на младите, дека е донесен е Законот за младинско учество и младински политики, а најави и дека се подготвува нова Стратегија за млади 2023-2027 година.

Што се однесува до програмите на ЕУ во оваа област, Северна Македонија е многу успешен учесник. Ги потпишавме и почнавме да ги спроведуваме договорите за учество во Еразмус + и Европскиот солидарен корпус, за новиот финансиски циклус. Програмата Еразмус+ се управува со значителна стапка на посветеност и капацитет на апсорпција. Во рамките на 2014-2020 година доделени се 4199 грантови, со вклучени над 32.000 учесници и исплатени 37 милиони евра, посочи Маричиќ.

Во овој дел директорот на Националната агенција за европски програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, истакна дека Националната агенција посветено работи на промоција на Програмите Еразмус+ и Европски солидарен корпус, преку организирање на работилници за добро информирање и запознавање со програмите.

Создаваме можности за сите, особено за младите. Преку Национални тимови за обука во стручно образование се подготвуваме за следната година – Година на вештини на европско ниво. Вклучувањето во програмите, Истражи ја ЕУ и Спорт ги доближуваме и истакнуваме бројните можностите за сите, рече директорот Ѓоргиевски.

Во областа на културата, главниот преговарач со ЕУ Маричиќ кажа дека Министерството за култура останува посветено на програмата Креативна Европа, како еден од главните европски проекти за поддршка на европската културна соработка изразена преку културни творби и обединување на различностите, во чии рамки  поддржани се 14 проекти со вкупен износ од околу 2,5 милиони евра грантови, додека во рамките на потпрограмата МЕДИА се поддржани три проекти со 142.000 евра.

Денеска во Брисел се одржуваат два објаснувачки скрининг состаноци за Поглавјето 26 „Образование и култура“ и Поглавјето 19, „Вработување и социјална политика“, на кои Европската комисија ќе го презентира новиот корпус на ЕУ законодавство донесено во периодот по 2018/19 година.

Next Post

Директорот на БЈБ Тасевски на конференција на шефови на полиции во САД

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk