ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Црвениот крст отвори Центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка

October 19, 2022 14:34
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО

Црвениот крст денеска во Скопје го отвори Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка.

Како што истакна генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити менталното здравје е основно човеково право, па од таа причина, поттикнати од се поизразните потреби на населението, како и состојбата на луѓето со веќе постоечки растројства во време на кризи, организацијата со отворањето на Центарот воспоставува систем базиран на потребите на луѓето, а притоа ги негува релациите со релевантните државни и општествени чинители.

Само во изминатата година нашите услуги од психо-социјалната грижа беа насочени кон евакуираните лица од Авганистан, лицата кои ја напуштија Украина, возрасни лица, лица со попреченост. Имавме и понуда на специјализирани обуки и работилници за нашите партнери. Во нашата мрежа имаме над 350 волонтери, како провајдери на психолошката прва помош и други услуги од менталното здравје, изјави Саити.

На отворањето на Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка присуствуваа и првата дама Елизабета Ѓорѓиевска, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и министерот за здравство Беким Сали.

Како медицински работник можам да посведочам дека во многу случаи при тешки здравствени состојби, при тешки ретки болести, покрај класичната медицинска терапија суштинска е и потребата од психолошка поддршка. Несомнено не е безначајна и менталната стаменост за позитивен исход при лекувањето на животозагрозувачките болести. Впрочем, и нарушувањето на психичкото здравје е подлога за развој на различни болести, истакна Ѓорѓиевска во своето обраќање.

Апелираше до сите граѓани да не се двоумат и да побараат помош.

Токму Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка е местото на кое можете да се обратите, да добиете неопходни совети, професионална помош и соодветна поддршка. Вработените и волонтерите на Црвениот крст кои се дел од овој тим ви стојат на располагање, додаде првата дама.

Министерката за труд и социјална политика, Тренчевска истакна дека улогата на граѓанскиот сектор во оваа сфера е од голема важност.

Нивниот увид на терен секогаш ја дава реалната слика за потребите на граѓаните и врз основа на тоа креираме услуги што секогаш се во нивна корист, грижејќи се за благосостојбата на сите граѓани. Заедно со министерот за здравство, како одговорни ресорни министри секогаш сме посветени на предизвиците и нивното решавање, порача министерката.

Таа додаде дека во моментов, менталното здравје е актуелна тема, не само кај повозрасните, туку и кај млади лица.

Ме радува што граѓаните се охрабруваат да побараат помош кога се работи за менталното здравје и психо-социјалната поддршка. Оваа поранешна табу-тема за нашето општество веќе нема да биде случај, порача Тренчевска.

Министерот Сали обраќајќи се пред присутните посочи дека периодот на пандемијата со КОВИД-19 покажа колку е важно да се зборува за предизвиците со ментално здравје, но и колку е важно тие да се препознаат и навреме да се детектираат.

Предизвиците во областа на менталното здравје стануваат се поочигледни во светот и претставуваат сериозен и сложен социо-медицински, но и општествен проблем. Отворањето вакви центри е од исклучително значење за целокупното унапредување на менталното здравје. Достапноста на овие услуги преку вонболнички третман во вакви центри се овозможува согласно препораките на Светската здравствена организација, вели Сали.

Министерот посочи дека согласно статистичките податоци, околу 20 проценти од вкупниот број на пациенти во примарната здравствена заштита припаѓа едно или повеќе ментално заболување, а се очекува во следниот период тој процент да расте.

За ефикасно решавање и унапредување на овие предизвици не е доволно само имплементација на здравствени мерки, туку е потребен и сеопфатен интегративен пристап со програмски организирани активности на различни субјекти во општеството. Токму затоа ја поздравувам реализацијата на овој проект на Црвениот крст, додаде тој.

Сали информираше и за новоотворениот Центар за ментално здравје во Кочани, а најави дека во тек се подготовки и за отворање на Центар за ментално здравје во Битола, кој ќе работи во работи во рамки на здравствената установа Психијатриска болница Демир Хисар. Предвидено е и отворање на Центар за ментално здравје за млади, во соработка со Младинската лабораторија за областа ментално здравје на млади од Западен Балкан, со поддршка од Владата.

Next Post

Десетици вработени во нуклеарната централа Запорижја се заробеници на Русите

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk