ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕК и ЕП уште еднаш ја поддржаа европската перспектива на Западен Балкан, бугарските европратеници со критики до македонските власти

October 20, 2022 09:18
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија и Европскиот парламент уште еднаш ја поддржаа европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Бугарските европратеници, пак, со остри критики кон властите во Северна Македонија.

Андреј Ковачев изрази разочарување по обединувањето на власта и опозицијата во Северна Македонија околу носењето на законот за здруженија на граѓани, а Ангел Џамбаски зборуваше за „омраза“ со палењето на бугарскиот клуб во Битола и протестите во Охрид, тврдејќи дека законот којшто се носи во македонскиот Парламент е за забрана на бугарски имиња.

Комесарот за европска соседска политика и проширување Оливер Вархеји рече дека нема да ги коментира овие настани бидејќи се води истрага за нив во земјата, а Комисијата следи што се случува.

Претходно, пратеничката од зелените Тинеле Стрик побара од Бугарија и од другите земји членки на ЕУ  да ги почитуваат дадените ветувања и да внимаваат повторно да нема вето од Бугарија за Северна Македонија.

Комесарот Вархеји, кој пред неколку дена пред европратениците во Комисијата за надворешни работи ги презентираше анализите и прогнозите на Комисијата за европската политика за проширување во контекст на тешка геополитичка ситуација, во обраќањето на пленараната сесија инсистираше на влијанието на претпристапното финансирање, состојбата со владеењето на правото во земјите пристапнички и другите фундаментални реформски прашања.

Посочи дека ЕУ и Комисијата ќе се посветат на повеќе краткорочни и среднорочни проекти од енергетиката, како преносот на струјата, колективното греење и миграцискиот проблем кој претставува се поголем притисок за земјите од регионот. Вархеји потсети дека Северна Македонија и Србија веќе учествуваа на состанокот за заедничко купување на енергија за да се намали зависноста од руските извори на енергија.

Во однос на обврските на земјите од регионот, Верхаји инсистираше на обврските на земјите од регионот во исполнувањето на реформските обврски, поздравувајќи го одржувањето на првата Меѓувладина конференција на 19 јули годинава на Северна Македонија и Албанија, повикувајќи ги да го искористат процесот на скрининг за продолжување на ритамот на реформи.

Европратениците, со исклучок на неколку од нив, претежно од крајната десница, го поздравија официјалниот почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија минатиот јули и ја повикаа ЕУ да го либерализира визниот режим за Косово. Тие, исто така, побараа од Србија да се усогласи со рестриктивните мерки на ЕУ против Русија. Најголемиот број од нив се заложија ЕУ да ги исполни ветувањата за земјите од регионот. 

Next Post

Со истите автобуси ЈСП протестираше и во 2015 пред СДСМ, дали истите сценаристи злоупотребуваат јавно добро и тогаш и денес?

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk