ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промовирана Платформата за деловно поврзување на компаниите од земјите на Отворен Балкан и регионот

October 21, 2022 15:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Ниш, Србија, денеска беше промовирана Платформата за регионално деловно поврзување на компаниите, особено на малите и средни претпријатија (МСП) од земјите на Балканот и Југоисточна Европа.

Станува збор за прв регионален развоен проект производ на бизнис секторот од земјите на иницијативата „Отворен Балкан“ и директна вклученост на Република Бугарија, како член на ЕУ.

Дигитална платформа – пазар на капитал (берза) за мали и средни претпријатија – предности и еднакви можности за развој на пазарот” јасно укажува на услугите и активностите кои ќе бидат понудени. „Основа на работењето на Платформата е уникатната софтверска (онлајн) компаративна анализа на поединечни финансиски и други деловни показатели и RACIO индикатори на компаниите во однос на просекот од нивната претежна дејност. На овој начин на малите и средни претпријатија ќе им се овозможи процена на нивната нематеријална вредност, а со тоа и на реалната пазарна вредност (на капиталот), како и нивниот деловен рејтинг. Досега оваа можност во регионот ја имаа само големите компании и А.Д., на актуелните берзи, иако 92 отсто од стопанските субјекти се мали и средни претпријатија (МСП), рече Александар Георгиевски, основач на Платформата за регионално деловно поврзување на компаниите.

За неговиот бизнис партнер од Србија, Предраг Умичевиќ, oва е единствена платформа на Балканот, која заслужува внимание кај приватниот бизнис од три различни аспекти.

Прво, отвора можност за интерактивни бизнис контакти, кои се многу потребни во ова тешко време за бизнис. Потоа, нуди нешто што не нуди ниту една банка – проценка на нематеријалната вредност на нашите мали и средни претпријатија во кои сакаме да инвестираме. Секој бизнис човек во бизнисот влегол со идеја и создал капитал и профит. И токму таа вредност, идејата и нематеријалната вредност на фирмата не ги валоризира ниту една банка, туку се обезбедува со меници, квадрати работен простор, честопати зголемувајќи ја заштитата два или повеќе пати. Третиот аспект секако е регионалноста која е неопходна за поврзување и наспроти политичките различности, на практичен и елементарен начин, да се реализира иницијативата OPEN BALKAN во интерес на бизнисот и работниците, истакна Умичевиќ.

За Весела Савова од Бугарија, тоа е единствена регионална платформа која дава можност за развој и раст на малите и средните претпријатија во секоја држава, но и на меѓународно ниво.

За Бугарија ова е многу важно во иднина на нови предизвици за малите и средните бизниси, кои претставуваат огромен процент од фирмите во државата и се столб на економијата. Нашата цел е да ја донесеме експертизата и да понудиме целосно нова алатка за овие бизниси, кои ќе добијат поддршка за одржлив раст. Веруваме дека ова е само првата од многуте идни можности на платформата, рече Савова.

Блерим Рушити, застапник за Албанија и Косово, рече дека иако порано имало ваква платформа за развој на регионалниот бизнис, сепак тогаш не постоела смелост и разбирање за нејзино функционирање и развивање.

Со задоволство се приклучив на оваа нова иницијатива и платформа бидејќи има многу што да понуди. Драго ми е што се вклучив од почеток на платформата, која уште побрзо ќе не доближи до ЕУ семејството. Многу едноставно – платформата не зближува за да и покажеме на Европа дека знаеме да создаваме и да бидеме понапред со одредени идеи. Оваа платформа нема да биде ниту локална, ниту регионална, туку ќе прерасне во глобална платформа, напомена Рушити.

Цел на регионалната развојна компанија „SEB Global Group“ е да го прошири опсегот на својата понуда за релативно краток период (од почетокот на 2023 година), со лансирањето на т.н. активен пазар и инвестициски центар, преку кои компанијата ќе ги понуди светски познатите деловни можности, различни современи методи и извори на финансирање, како што се: CROWDFUNDING, CROWDINVESTING, CROWDSOURCING, трансформација на удели во акции, создавање на IPO, како и низа светски познати алатки за успешен бизнис на малите и средните претпријатија, кои сè уште се главно непознати за земјите од Балканот и ЈИЕ.

Токму поради ваквата непознаница, услугите на „Дигиталната Платформа за еднакви пазарни можности“ (Equity market for SME’s), ќе се понудат и во останатите земји од регионот кои веќе се предвидени во рамките на стратешкиот план на СЕБ Глобал групацијата, но и во сите оние земји кои ќе изразат желба да бидат дел од овој процес на деловна (бизнис) интеграција, рече Георгиевски во Ниш.

Next Post

Маричиќ: Решени сме да ги забрзаме реформите и целосно да се усогласиме со ЕУ во областа на даноците

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk