ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Што можам јас тука да променам!?

Кадровските политики на нашите политички организации сè уште не го препознаваат моментот на вложување во знаењето и вештините на младите луѓе. Поради ваквиот пристап, речиси преку 50% од младите не се задржуваат во политичките организации подолго од шест месеци.

October 21, 2022 16:58
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Брајан Брковиќ

Политичкиот ангажман на младите во Србија претставува еден вид табу тема во перцепцијата на младите луѓе. Во мешавината стереотипи кои доминираат при споменувањето на политички партии или движења, кај младите претежно се издвојува сега веќе славната реченица „Што можам јас тука да променам“, или онаа познатата од памтивек и еднакво деструктивна како и мнозинството политички партии кои беа на власт во повеќепартискиот систем – „Сите се исти“.

Научивме деценија наназад дека во Србија политиката не само што ги „замара“, туку и ги „замајува“ младите луѓе, нудејќи надежи и очекувања, кои одеднаш исчезнуваат по политичките кампањи. Со текот на времето се уверивме и дека политичките програми на партиите сè поретко се занимаваат со младите, иако е факт дека големо мнозинство од младите во претходните десет години ја има напуштено Србија и/или се подготвува да ја напушти по школувањето.

Верувам дека еден дел од политичките партии им свртија грб на проблемите на младите затоа што, едноставно, младите не претставуваат сигурна и доволно голема избирачка категорија за нив. Ваквиот впечаток дополнително го поткрепува фактот дека бројот на пратеници помлади од 30 години во Републичкиот Парламент изнесува под 6% (14 од 250).

Не можеме да кажеме дека младите не интересираат околу општествените прашања; всушност, според Алтернативниот извештај за положбата и потребите на младите во Србија за 2022 година, кој го изработи Чадор-организацијата на млади во Србија (КОМС), гледаме дека 18% од младите се изјасниле дека се членови и членки на некое здружение на граѓани. Овој извештај ни открива дека младите сакаат да партиципираат во општеството, а тоа можеме да го видиме преку податоците дека 75% од младите во текот на оваа година потпишале некоја петиција или народна иницијатива, 48% од младите волонтирале, речиси 58% од младите гласале на претходните избори, речиси 47% од младите учествувале на протести организирани од страна на здруженија, додека тој број е значително помал кога се во прашање протести на политички организации, каде што учествувале само 14.3% млади. Алтернативниот извештај ни зборува и за фактот дека младите луѓе, дури 77% од нив, не веруваат во фер и слободни избори во Србија.

Врз основа на овој извештај можеме да воочиме дискрепанца меѓу бројот на млади кои се занимаваат со активизам и млади кои се занимаваат со политички активизам. Во реалноста, конвенционалните политички партии во Србија младите пречесто ги користат како вид на декор, не оставајќи премногу простор за нивна иницијатива. Од мантрата дека младите се двигатели на општеството, која секоја политичка организација ќе ја поддржи, доаѓаме до реалната состојба, каде што младите се користат како физичко присуство на штандовите или припомош при лепење плакати. Ваквата ситуација пред младите става рамка на чисто битисување, без поттик за проактивност и развивање на иницијатива. Кадровските политики на нашите политички организации сè уште не го препознаваат моментот на вложување во знаењето и вештините на младите луѓе. Поради ваквиот пристап, речиси преку 50% од младите не се задржуваат во политичките организации подолго од шест месеци.

За напредокот на младите и целокупното општество, што го носи зголемената партиципација на младите во политичкиот живот, неопходно е политичките организации да дозволат „свежата крв“ да преземе иницијатива, бидејќи младите не сакаат да седат со скрстени раце. Младите покажаа дека имаат волја да преземат иницијатива и да волонтираат. Она што на младите суштински им недостига е шанса и доверба да дејствуваат на таков начин преку политичките организации. Многу е полесно да се зборува за младите и за нивните проблеми, одошто да се има доверба во младите и во нивните идеи.

Извор: Окружење


Брајан Брковиќ од Нови Сад е, граѓански активист. 

Next Post

ЕК: Добрососедските односи суштински дел од процесот на ЕУ-интеграција

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk